Фер Вејн Брајант денес има 62 години. Последните 23 години е во затвор.
Во 1997 година е осуден на доживотна казна затвор за едно единствено дело, обична кражба. 21 година подоцна, неговата адвокатка решава да одат на апелација со мислење дека доживотната казна затвор за Брајант е сурова и претерана. Минатата недела Врховниот суд на државата не се согласува со тоа: телото од петмина судии решава досудената казна да остане во сила.
Само еден од судиите го издвоил своето мислење од колективната одлука, судијката Бернет Џонсон, единствената жена и единствената црна личност во тој Врховен суд. Останатите се бели мажи.
Драконската казна за Брајант е одмерена заради неговото претходно криминално портфолио кое баш и не е монструозно: во 1979 година била осуден за обид за вооружен грабеж, во 1987 за поседување украдени работи, во 1989 година за фалсификуван чек од 150 долари а во 1992 за провала во некој напуштен објект. Сè додека не доаѓа кобната 1997 година и неговиот НЕУСПЕШЕН обид да украде ножици за кастрење. Да бидеме докрај пицајлзи, не биле едни ножици туку јеботе, комплет од три ножици.
Оттогаш е во затвор и неговите ножици ги чинат американските даночни обврзници околу 500.000 долари. Ако поживее уште 20-тина години, трошоците за оваа нанесена правда врз него ќе натфрлат милион долари. Башка што вака поминатиот живот со ниеден блуз не може да се исплаче.