Градови на опасно живеење

Во лошото комбо пандемија плус протести, во американските градови сè повеќе се гине. Во 36 од 50 најголеми градови во земјата, бројот на убиства е поголем од лани, некаде и за преку 50 проценти. 

Чикаго досега има регистрирано 430 убиства во 2020-та година, што е за 51% повеќе отколку во истиот период лани. Иако тој град го привлекува најголемото внимание по ова прашање, воопшто не е осамен во тој тренд. Преку 50% пораст на убиствата има и Остин, а следат Форт Ворт, Сан Антонио, Феникс, Филаделфија, Хјустон, Њујорк, Колумбус (Охајо) и Џексонвил.

Според апсолутниот број на убиства, води исто така Чикаго по што доаѓаат Филаделфија, Њујорк, Хјустон, ЛА, Далас.....

„Ме изненадува конзистентноста на овој пораст во толку многу различни градови,“ вели човек  од една универзитетска крим-лабораторија од Чикаго.

Една од најбитните причини е фактот што полициските департменти се сериозно дестабилизирани, првенствено со бројните протести кои бараат нивно де-финансирање но и со пандемијата и обемот на ангажмани кој од нив се очекува во такви ситуации.

3 август 2020 - 20:57