Конгресното сослушување во еден од комитетите на домот имало за цел да се изврши евалуација на енергетскиот план на Демократите сличен на оној кој го има нивниот претседателски кандидат Џо Бајден по кој во 4 години би се потрошиле 2 трилиони долари на обновливи енергии и други климатски програми.
Неколку конгресмени од редовите на Демократите го искористиле своето време за да го нападнат Шаленбергер кој е специјален експерт на ОН за климатски прашања, чија книга „Apocalypse Never“ беше крајно позитивно оценета од научници и академици посветени на климата и кој вели дека секогаш бил финансиски независен од индустриските интереси.
Шаленбергер вели дека тоа било класичен „атентат на личноста“ во кој не му ни се дала шанса да одговори на грубите обвинувања.
А не кажал ништо што нема кажано и претходно: дека климатските промени се реални но ниту навестуваат крај на светот ниту пак се главниот проблем на околината. Посочил на инхерентните физички причини заради кои обвновливите енергии не можат да опслужат ваква високо-енергетска цивилизација и дека нуклеарната енергија и природните гасови а не индустриската струја од сонце и ветар се главни двигатели на намалувањето на емисиите на штетни гасови.
Според него, климатските дебати само ги одвраќаат САД од поголемиот и поургентен проблем а тоа е глобалната доминација на нуклеарната енергија од страна на Кина и Русија. Државите кои градат партнерства со овие две земји за изградба на нуклеарни централи, лесно се апсорбираат во нивните сфери на влијание.
„За време на сослушувањето, неколкумина Демократи тврдеа дека обвновливите енергии и денес се поевтини од постоечката електрична мрежа. Им реплицирав, ако е така, тогаш зошто се потребни стотици милијарди долари субвенции за струја од сонце и ветар, платени од даночните обврзници?
Демократите во Конгресот тврделе дека проектите за обвновливите енергии се и некаква битка за правда во поглед на човековата околина но Шаленбергер покажал дека таквите проекти им се натураат на сиромашните а истовремено биваат успешно избегнувани од богатите. Извадил и извештај по кој постојат околу 200 случаи на кршење на човекови права со вакви проекти, особено со штети во природниот хабитат на домородните американски племиња.
Зошто Демократите, кои се замислуваат како заштитници на работниците и сиромашните, толку силно лобираат за обновливи енергии, наспроти нуклеарната? Можеби затоа што некои од нивните главни донатори, како Мајк Блумберг и Том Стејер имаат сериозни инвестиции во обновливите енергии и природниот гас. А десетмина лица од финансискиот комитет на Барак Обама имаат земено огромен дел од колачот од неговите „зелени стимулации“.
Во прашање се милијарди долари.