Насоките објавени во Журналот на канадското медицинско здружение, „посебно ја осудуваат стигмата поврзана со тежината против пациентите во здравствениот систем“.
„Доминантниот културолошки наратив во однос на дебелината ги поткрепува претпоставките за лична неодговорност и немање доволно силна волја, па вината и срамот ги префрла на луѓето кои живеат со дебелина,“ стои во насоките наменети за докторите во примарното здравство.
Истражувањата што ги наведува главната авторка на новите насоки, Ксимена Рамос-Салас, покажале дека голем број доктори ги дискриминирале дебелите пациенти, што може да доведе до полош здравствен исход без разлика на нивната тежина.
По ново советот е и понатаму да се земаат предвид мерки како БМИ и обемот на струкот, но да се има предвид нивниот ограничен капацитет во носење точни дијагнози.
Иако и по ново останува дека вежбање и диета вршат работа за слабеење, дополнувањето е дека докторите не треба како изгребано ЦД само тоа да го повторуваат, туку да го дополнат портфолиото мерки со психолошка терапија, медикаменти или операција.
Една од пораките на Рамос-Салас е:
„Држењето диети не функционира!“
Дополнително таа препорачува дека докторите треба да побараат дозвола пред да зборуваат за тежината на пациентот, и да работат со нив да се фокусираат на здравствените таргети што се важни за пациентот, а не само да им кажуваат да намалат со калории.