Го гледате ли и денес панкот, не во музичка смисла туку како општествен процес, како анти-системски бунт? Дали беше панк она што се случуваше пред српскиот парламент, во што предничеа некои млади луѓе полни со гнев и бес?
Арсенијевиќ: Не, не беше.
Зошто? Не гледате во тоа исто така отпор кон системот, кон авторитетите?
Арсенијевиќ: Не гледам. Од панкерската до сега минаа неколку генерации за да се дојдое до оваа денешната, да ја речам пост-хипстерска генерација која има една плитка естетика па се палат на Нада Обриќ или се палат баш многу на Наташа Беквалац. Мене тоа ми е многу фејк во културна смисла а тој синкретизам се пренесува и на политичко ниво. Ја и другар ми фашист протестираме против лошиот режим - мене тоа ми е длабоко проблематично на ниво на иднината на Србија. Можам да го разберам тој краткотраен револуционерен жар кој на крајот, како што видовме, трае три дена а четвртиот ден ќе дојдат 25 луѓе.
Се прашувате ли некогаш дали ние во нашите 50-ти години, после сите предавства и разочарувања, сме станеле некој вид револуционерни конформисти? Или само конформисти?
Не, само само сме поуморни, посморени.
Младите не се. Што е толку лошо што покажаа заби, што се дигнаа против системот?
Ама во име на што го правеа тоа?
Па, во име на тоа во што и обично тоа се прави. Затоа и прашав за панкот, во име на што тогаш се буневте?
Во име на некој општ тинејџерски интернационализам кој беше негативно расположен кон провинцијализмот и кој сакаше нешто повеќе од животот. Значи, не игравме оро.
На петти октомври гледав четници со реденици и бради на трактори и панкери кои им довикуваа; „Кај сте, Чечени!“, па после доаѓа Београдски синдикат кој протестира за чиста српска фамилија а против Прајд заедно со Двери. Жал ми е, не можам да бидам дел од таа приказна. Во тој момент апсолутно се разидуваме бидејќи меѓу нас стои длабок, непремостив јаз.
Имаме две лигави политики и луѓето интуитивно чувствуваат дека кога би дошло до смена на власта, не би се сменило ништо суштинско. Тогаш ове другиве би оделе во Брисел па би се договарале бидејќи сите тие знаат дека мораат да се договараат. Тука ние немаме судир на две идеологии, на две политики, ние имаме судир на две клики во кој едната сака да ја смени другата.
Од каде потекнува тоа ваше уверување дека сите се исти и дека тоа би изгледало баш така?
Затоа што тие така тврдат. Јас гледам само континуитет, не гледам ништо суштински поинакво отколку кај Напредњаците. Секогаш ќе имаме претседател со набабрено его како што секогаш сме имале, и секогаш ќе ги имаме оние лигуши со кои тој е опкружен и тој вид политика која си е цел на самата себе.