„Тие заработуваат богатства од нашите војници. Градат градови околу нашите војници,“ изјавил Трамп во интервју за Фокс.
Освен што им се расход во воениот буџет на земјата, Трамп дополнително ја обвини Германија дека е „многу деликвентна“ и дека е меѓу НАТО членките „што ги искористуваат“ САД со тоа што не го плаќаат соодветниот удел во буџетот за одбрана.
„Германија е богата држава, и мора да плати. Тие ни должат милијарди долари, милијарди долари на НАТО. Треба да си ги плаќаат своите сметки. Зошто ние да браниме држави и никој да не ни плаќа за тоа,“ дополнил американскиот претседател.
Трамп од јуни најавува повлекување на дел од американската војска од Германија, а уште од почетокот на мандатот ја критикува Германија и останатите НАТО членки кои не трошат 2% од својот БДП на одбрана.