„Постапките на Кина го поттикнуваат НАТО да почне да се фокусира на Азија, што е значителна промена на алијанса формирана за да ја заштити Европа од Советскиот сојуз, а потоа и Русија.
Растечкото кинеско влијание на Балканот е копија на нивното напредување во останатите области кои претходно беа доминирани од Русија,“ пишува Блумберг.
Според американското воено списание Страјпс, продажбата на дроновите на Србија „го одбележува најзначителниот упад на Пекинг во континентот каде вооружените сили традиционално се потпираат на американски и европски производители“.
Дроновите беа дел од поширока соработка меѓу Пекинг и Белград, која опфаќаше изградба на нови електрани, далеководи, поставување оптика и изградба на нова пруга во земјата.
НАТО се вознемирува и затоа што Кина (иако се уште им нема продадено дронови), поседува клучни пристаништа во земји членки како Грција.
Освен ова, Кина маестрално го користи кошкањето меѓу Трамп и европските сојузници. Првиот на своја рака се повлече од Парискиот климатски договор и од Иранскиот нуклеарен договор, а вториве упорно одржуваат високи нивоа на трговија со Кина, додека и понатаму во НАТО не ги уплаќаат парите што Трамп очекува тие да ги плаќаат.