Меѓународниот натпревар за вино и жестоки пијалоци (IWSC) откри дека „Old Bardstown“ од дестилеријата Вилет во Кентаки, го добива трофејот за најдобар бурбон за 2026 година.
Наградата доаѓа поради добиените високи 98 поени и златниот медал за извонредност кој го добија претходно оваа година. Судиите ги пофалија неговите „светли и зрнести ароми; избалансиран сув вкус каде што мармаладот и бриошот се спојуваат беспрекорно со нежен цветен допир“, заедно со „траен финиш полн со карактер и шарм“.
Сетоа тоа за само 25 долари шише.
За познавачите на американското виски, „Вилет“ е познато име но најмногу по неговите ексклузивни вискија кои се меѓу најскапите на пазарот.
Олд Бардстаун е исклучок во портфолиото на дестилеријата. Неговото „пире“ се потпира на оригиналниот рецепт од 70-тите години: 72% пченка, 15% слад од јачмен и 13% 'рж. Старее во нов даб најмалку четири години и носи старомодна етикета со рачно насликаното лого што Вилет го користел откако го оживеал брендот во 2016 година.
Има само една цака, бидејќи е Bottled-in-Bond (бурбон полнет во шише), се продава само во Кентаки.
