Сандеј тајмс објавува дека компанијата врши притисок за намалување на киријата до 50% на 38-те дуќани што Епл ги има во Британија, а плус на тоа бара и одреден период да тера без кирија.
За возврат една од историски најбогатите компании во светот, ветува дека ќе го продолжи договорот за закуп за уште некоја година. Според Тајмс, имајќи ја предвид моменталната ситуација со цените на кириите во Британија, и нивниот крах во време на ковид-19, очајните сопственици на недвижностите најверојатно ќе мора да се согласат на ова барање.
Наводно, Епл само бараат и за нив да важат истите попусти што добар дел од бизнисите низ Британија ги добиваат заради проблемите со ковид-19. Една од разликите меѓу Епл и другите, е што овие другите немаат константен раст на богатството од десетици милијарди долари.
Минатата година Епл Британија објави дека имал продажба од 1,5 мијарди евра, од кои профитот им е само 36,3 милиони евра. За сите овие 1,5 милијарди, Епл лани на Британија и платил данок од 6,8 милиони евра.