За прв пат во историјата на Њујорк во јуни е пробиена границата на просек од 5.000 долари месечна кирија на Менхетен или ако ви треба баш точната бројка, сумата е 5.058 долари.
Шпанската држава ќе им плаќа по 250 евра на млади Шпанци/Шпанки да ја пресечат папочна врска со своите родители и да се иселат од дома. Колку млади? Па до кај 35 години.
Еден податок за Епл од пред неколку дена: вредноста на компанијата на берза за еден ден порасна за 170 милијарди долари, што е повеќе од БДП-то на Унгарија; а кога само ова еднодневно покачување би излегло на берза тоа би било 33-та по големина компанија на S&P500 индексот. Имајќи го сето ова предвид, Епл бара да му ги намалат кириите за дуќаните.
Американски сопственици на стан / куќа, влегуваат во својот објект некое време откако им го снемува кираџијата. Не е мртов, само не знаат дали е во болница или на некаков, каков било, вид лечење.
Не е за паника кога комшии оговараат или се шпекулира по социјални мрежи, станува сериозно кога темата стига до Би-би-си, во случајов темата е млади од Британија кои немаат пари да си ја платат киријата.
Или на нашки "купи ден - продај", е основната животна стратегија за огромен број Американци бидејќи не успеваат да тргнат ништо на страна за црни денови. Денес да изгубат работа, 44 проценти од Американците не би издржале следните три месеци.