Според оваа математика во просек годишно само за кирија за стан во Њујорк ќе треба да платите речиси 61.000 долари. Само еден месец претходно просекот стигна на чекор од границата и изнесуваше 4.975 долари месечно.
Новиот просек е скок од 29% во споредба со јуни 2021, кога просекот беше 3.922 долари месечно.
Една причина за растот на киријата е инфлацијата, друга е што жителите на Њујорк почнаа да се враќаат од 2-годишниот излет во своите викендици каде избегаа за време на ковидот. На пазарот има и зголемување на стапката за хипотека, заради што потенцијалните купувачи се повеќе се заинтересирани за изнајмување.
Во јуни годинава на Менхетен има 6.433 недвижности за изнајмување, што е 46% помалку од 11.853 колку што се достапни во јуни минатата година. Меѓу нив најскапиот е пентахус од 580 метри квадратни кој се изнајмува за 150.000 долари месечно, а најевтина е соба во близина на една од железничките станици која чини само 1.300 долари месечно.
Станот од 150.000 долари месечно:
Собата од 1.300 долари месечно: