Вести

Кој ги запали младите во Франција?

Се крева чад во близина на Ајфеловата кула, горат училишта, Париз е блокиран со барикади... Протестите што почнаа во училниците поради претерано напорен распоред на часовите прераснуваат во уличен хаос, потпалуван од левичарски и од исламистички групи, кој може само да биде подарок за претседателските амбиции на Марин Ле Пен.

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Во менталитетот на Американците е вградена теоријата дека поседувањето сопствен дом е сигурна инвестиција, која гарантира финансиски успех поради долгорочниот раст на цените на недвижностите. Сепак, анализа на „Волстрит журнал“ укажува дека во повеќето случаи е поисплатливо да се живее под кирија, а парите издвоени за домот да се оплодат со инвестиции.

Германците најмногу се плашат од сопствената влада

Помина времето кога Германците беа загрижени од климатските промени или од ризикот од војна. Главниот страв сега им e дали ќе останат без пари, состојбата на економијата и особено нефункционалноста на државата, покажува новото годишно истражување German Angst. Друга анкета покажа дека рејтингот на одобрување на канцеларот Мерц паднал на рекордно ниски 10%.

Речник

Во името на светиот Клод, ентер

Муабети во Силициумската долина стануваат сè почести дека инжинерски кругови околу моделот на вештачка интелигенција, Клод, кон него се однесуваат како кон божество. А моделот на човечкото однесување во такви ситуации е познат. Прво обожуваш, па коленичиш пред него па на крај му принесуваш жртви.

Ботови ја диктираат изборната кампања во Израел

Гласачите во Израел се бомбардирани со лажни снимки, монтирани од ВИ, кои изгледаат реално. Ботови наведуваат онлајн дискусии кон специфични агенди и гласаат по анкети. Други прибираат секакви информации за гласачите и им сервираат пропаганден материјал типичен за нивните интереси. Сите партии го прават ова и никоја служба нема интерес да ги спречи.

Турција ја жртвува својата плодна житница за нафтен центар

Во време кога војните ги попречуваат традиционалните извозни рути, Анкара го жртвува последното преостанато јадро на плодниот појас на југот на земјата. Плодната житница Чукурова отстапува место на огромна инфраструктура со петрохемиски комбинати околу стратегиското пристаниште Џејхан, каде што се спојуваат два големи нафтоводи.

Кинескиот 5Г доминира над американскиот

5Г мрежата на АТ&T и Веризон низ американските градови често пати е значително поспора од 4Г мрежата што ја замени, пишува Вол стрит журнал.

Интернет се од корен корнеше

Французин е на пат да лежи затвор откако е откриено дека кога им гасел интернет на своите деца, го оставал цел град без интернет и без мобилен.

Дебатата за карантините изместена заради игнорирање неподобни научници

Твитер ордите направиле идејата за заштита на ранливите категории луѓе додека во меѓувреме се работи на постигнување природен имунитет на остатокот од населението, со тек на време да се претвори во неетична.

Бил Гејтс има една, да речеме, добра, и една многу полоша вест

Добрата е дека излезе дека ковид-19 благодарејќи на омикрон е на пат сам себе да се реши, лошата е дека очекува и бетер пандемии.

Уште еден обесен во ќелија од кругот на Епстин

Се затвораат устите кои можат да зборуваат за ланецот малолетна проституција која за богата политичка и финансиска клиентела ја организираше американскиот милијардер Џефри Епстин. Некои со смрт, некои со плаќање.

Латино жени го буткаат Тексас - десно

Левицата се обиде да ги освои срцата на Латиносите измислувајќи им родово неутрален „латинкс“, велелепна утка за која многумина од нив и немаат слушнато, не па да се идентификуваат со тоа. Десницата има поинаква стратегија: жени од народот, запознати со проблемите на луѓето, горди што се латино, но уште погорди што се Американки.

Прогресивни копита врз опасните баби на Канада

Шарените од БЛМ ги толерираа додека демолираа градови, ама затоа на овие што ги симпатишат камионџиите им пуштија коњица. Не беше бадијала, успеаа да прегазат  - баба. Истовремено, нивното МНР твиташе во одбрана на протестните права во Куба. Неверојатни времиња за живеење.

Претседателот на Туркменистан одлучи да ја предаде власта... на син му

Вон сите очекувања, на неколку дена пред 15-годишницата на власт, претседателот Гурбангули Бердимухамедов објави вонредни претседателски избори во Туркменистан на кои ќе се кандидира син му.

Ламборџинија, Поршиња и Аудија горат сред Атлантски океан

Во близина на азорскиот брег се случува непланиран викиншки погреб за илјадници возила, меѓу кои и луксузни примероци од горенаведените брендови, откако избувна пожар во товарен брод што вози за Фолксваген.

Борбата за поголема вакцинација ќе се води со помалку инфо за вакцинација

Здравствените власти во Шкотска ќе престанат со објавување бројки во кои умрените и хоспитализирани од ковид-19 се поделени по статус на вакцинација, затоа што податоците можело да бидат злоупотребени од поборниците против ковид вакцини.

Канада: Кој помага небањати, лета од работа

Директорка за комуникации во министерство од регионалната влада во Онтарио останала без работа откако ѝ бил откриен смртен грев: дала 100 долари за камионџиите.

Оставете ја Кина има за учење

Министерствата за образование и финансии на Кина составија список од 331 дисциплина во која 147 универзитети од земјата имаат фора до 2030 за да постигнат „првокласен стандард“.

Си-ен-ен ѝ гори на Украина по 2 милијарди долари месечно

Во надреалната ситуација околу Русија и Украина стигнати сме до фаза во која целосната западна дипломатско-медиумска машинерија алармира и труби за неизбежната руска инвазија, а од друга страна претседателот на Украина и тамошни високи функционери да молат да се смири топка и да не се претерува во извештаите.

Остварен сонот на сите тазе родители, уште повеќе „ду ду ду ду ду...“

Парамаунт соопшти дека во 2023 ќе објави целосен долгометражен цртан филм базиран на песната и Јутјуб видеото „Бејби шарк“.

Италија ги остава без работа постарите невакцинирани

500.000 Италијанци постари од 50 години остануваат без работа, односно им се забранува пристап до работното место доколку не приложат доказ за вакцинираност, откако стапи на сила една од најригорозните анти-ковид мерки на светот. Италија денес е вакцинирана 88% а смртноста не била толку висока од пролетта 2020 година.

Директорка на Левис се откажа од еден милион долари за слободнo да зборува

Бренд претседателката на компанијата Левис даде отказ и се откажа од понудениот пакет отпремнина од еден милион долари, само за да биде слободна да каже што мисли за затворањето на училиштата во време на ковид.

Викиншките орди може биле транссексуалци

Меѓу Викинзите кои пред 1.000 години ја пустошеле Шкотска можеби имало транссексуални воини, е новиот правец на размислување што го пренесува Сандеј тајмс.

Некрстени заради граматика

Замисли организираш крштевка, го поминуваш бебето низ тој, за него веројатно трауматичен ритуал, доаѓаш дома, и после некое време ти се јавуваат да ти кажат: „Не се важи, затоа што попот рекол ‘ние’, наместо правилното ‘јас’.

Сега и демократите бараат истрага против Хилари

Како и сите други, и изненадувачки големо мнозинство од демократите, побарале истрага против Хилари Клинтон, на анкета правена дури и пред да се објави последниот извештај на Дурам за Хилари и хакирањето на Трамп.

Дезинформации за ковид, ама обратно

Данската влада стана прва во светот која реши дека е потребно да се бори и против хистеричното сеење страв во врска со ковид што создава несигурност и паника а поради што многумина се убедени дека болеста е поопасна отколку што навистина е.

Оскарите воведоа гласање од публика

Филмската академија одлучи на годинешните Оскари глобалната филмска публика на Твитер (позната по својата пристојност и почит) да може да гласа за победникот во две категории.

На Спотифај сепак останала музика од Нил Јанг

Откако минатиот месец бесно замина од стриминг платформата бидејќи не му паднаа на уцената и целиот свој музички каталог го вдоми на други стриминг сервиси, деновиве излезе дека сепак музика од Јанг легално останала на Спотифај.

Како ИБМ ги требеше 40-годишните старци

Во прогонот спроведен од највисокиот менаџмент на компанијата, ИБМ требал да биде исчистен од вработените на возраст над 40 години за да се отвори простор за младите „дигитално нативни“ вработени.

Трудо против камионџиите го активираше законот за вонредни ситуации

Законот од 1980-те кој е наследник на многу постариот Закон за воени мерки ќе биде употребен за прв пат во историјата на Канада и тоа против луѓето кои со мирни блокади го изразуваат своето противење на владините ковид мерки.