Американски латино поличари, медиуми и организации за латино правата дигнаа глас против употребата на прогресивниот термин „латинкс“, скован од разбудените лајавци кои со родово неутрален термин сакаа да им дадат „сила“ на граѓаните од шпанско јазично потекло.
Се работи за кристално чист порив Латиносите сами себе да се дефинираат, наместо да бидат етикетирани од бели прогресивци.
Латинкс во оптек е речиси едан деценија и беше замислен како инклузивен термин кој им дава дополнителна поддршка на хиспано ЛГБТ луѓето.
Меѓутоа, терминот не се фати меѓу работничката класа на мексиканските Американци кои и онака се повеќе загрижени за работата и школувањето на своите деца отколку за терминолошките гимнастики на размазените белци со вишок слободно време.
„Луѓето чувствуваат дека терминот им е наметнат и не е органски,“ објаснува политичкиот консултант Алекс Дијаз.
Напуштање на вештачкиот термин побара и најстарата латино организација „Лига на обединети латино-американски граѓани“ а поддршка дојде и од Мајами Хералд.
„Латинкс не помина кај оние во чие име беше скован, време е терминот да се пензионира,“ пишаа во едиторијал.
После десет години напнување со тој термин од страна на разбудените, последните сондажи на истражувачкиот центар Пју покажуваат дека само 23% од американската хиспано/латино популација воопшто слушнале за терминот латинкс, а само 3% се идентификуваат како такви.