Микропластиката е само уште една „научна“ Баба Рога

Научници со години предупредуваа дека микропластиката се наоѓа во сè: од храната и пијалоците, до облеката, до средствата за чистење. Оваа микропластика се акумулира во нашите тела и претставува сериозен ризик за нашето здравје. Така барем ни кажуваа. Но, некои научници сега ја отфрлаат таа идеја, а еден истражувач дури и ги нарече студиите што алармираат за ова - смешка.

Неодамнешните студии во кои се тврди дека микро и нанопластиката се имаат инфилтрирано во човечкиот мозок, артериите и тестисите доживуваат сериозна научна реакција.

Експертите предупредуваат дека многу од овие широко популаризирани тврдења може да бидат резултат на методолошки грешки, контаминација и лажни резултати, а не на вистинско голтање пластика.

„Трудот за микропластиката во мозокот е смешка“, вели Душан Материќ, раководител на истражувањето во Центарот за истражување на животната средина Хелмхолц.

Тој е еден од неколкуте научници кои тврдат дека паниката околу штетата од микропластиката е претерана. Хемичарот Роџер Кулман вика дека доказите презентирани во претходните студии имаат повеќе дупки од даска за сечење.

Контроверзите се однесуваат на бран скорешни бомбастични истражувања што завршија во медиуми: едно од нив од нив сугерираше дека просечниот човечки мозок може да содржи пластика еквивалентна на тежина на пластична лажица. Тим научници подоцна и формално ја оспорија оваа студија.  

Техничката суштина на спорот лежи во процесот (Py-GC-MS) во кој примероци се испаруваат за да се идентификуваат молекулите по тежина. Експерти забележуваат дека оваа техника е несоодветна за идентификување на полиетилен или ПВЦ во човечкото ткиво бидејќи молекулите од човечката маст можат да го имитираат сигналот на овие пластики. Дури 18 студии се потпирале на вакви резултати.

Наместо тоа, научниците сугерираат дека зголемените нивоа на дебелина може подобро да ги објаснат здравствените проблеми отколку акумулацијата на пластика.

Посеаниот страв од микропластика веќе на големо се користи: во пораст се скапи, ненаучни третмани за кои се тврди дека ја „чистат“ крвта од пластика за цени кои одат и преку 13.000 долари. 

7 март 2026 - 11:38