Уште еден обесен во ќелија од кругот на Епстин

Се затвораат устите кои можат да зборуваат за ланецот малолетна проституција која за богата политичка и финансиска клиентела ја организираше американскиот милијардер Џефри Епстин. Некои со смрт, некои со плаќање.

Модниот агент Жан-Лук Брунел, поврзан со ланецот малолетна проституција на американскиот милијардер Џефри Епстин е најден мртов во неговата ќелија во париски истражен затвор.

Брунел кого го нашле обесен, беше под истрага дека бил еден од клучните добавувачи кој го снабдувал со девојки и модели богатиот круг клиентела на Епстин што не му било тешко со оглед на тоа што беше основач на неколку француски и американски манекенски агенции. Брунел беше уапсен пред две години на аеродромот Шарл Де Гол, во обид да замине за Сенегал.

Епстин исто така беше најден обесен во 2019 година, во неговата ќелија во еден од најчуваните затвори во Њујорк. Неговата смрт брзо беше прогласена за самоубиство.

Освен за набавка, Брунел од неколку жени беше обвинет и за силување. Меѓу нив и Вирџинија Гуфре, една од клучните жртви која помогна во обелоденување на овој случај.

Кога имала 17 години, таа била силувана и од британскиот принц Ендрју но тоа деновиве се затвори со вонсудски договор во кој Ендрју потврди дека Епстин подведувал млади девојки а e обврзан и да уплати необјавена (велат 15 милиони евра) сума донација во добротворната организација на Гуфре.

Бидејќи Ендрју е ѕвонец и нема приходи, парите ќе ги плати британското кралско семејство. Претходно, британската полиција утврди дека принцот Ендру е чист и заклучи дека нема потреба од преземање „дополнителни мерки“ против синот на Кралицата.

Имаме пишувано и за тоа дека Џефри Епстин во Белата куќа бил како дома во време на Клинтонови.

 

20 февруари 2022 - 16:34