Се работи за материјалите врз основа на кои Вирџинија Гуфре во САД има поднесено тужба против принцот Ендру дека на 17 години Џефри Епстин ја донел во Лондон за да има секс со Ендру.
Во август годинава комесарката на лондонската полиција порача дека „никој не е над законот“ и објави дека случајот се проучува. Вчера, таа објави:
„Како дел од процедура надлежните ги прегледаа документите објавени во август 2021 како дел од граѓанска тужба во САД. Оваа ревизија е завршена и не преземаме никакви дополнителни мерки.“
Полицијата одлучи да не презема ништо дополнително ни околу обвиненијата дека Епстин, кој умре во затвор во Њујорк во 2019, регрутирал и злоупотребувал и други млади жени во Британија. Тие дополнуваат дека и понатаму ќе соработуваат со сите кои ќе го побараат тоа од нив.
Околу тврдењата на Гуфре дека Ендру во 2001 имал секс со нејзе во лондонскиот стан на Гислејн Максвел, партнерката на Епстин, вториот син на кралицата Елизабета изјавува дека „не се сеќава“ дека воопшто некогаш ја запознал девојката.
Наводно двајцата потоа имале секс и во куќата на Епстин на Менхетен, и на еден остров на Карибите, исто така во 2001.