Воените титули и кралските овластувања што беа поврзани со принцот Ендру се отповикани од британската кралица откако во САД беше прифатена тужбата против него за сексуален напад, поврзана со времето кога се дружеше со Епстин и неговите малолетнички.
Материјалите што биле доставени до лондонската полиција за наводната педофилија на принцот Ендру се разгледани и заклучено е дека нема потреба од преземање „дополнителни мерки“ против синот на Кралицата.
Бидејќи вториот син на кралицата Елизабета нема никакви видливи приходи, а во исто време има сериозни обвинувања дека е педофил, британското кралско семејство почувствувало дека е неопходна финансиска интервенција.
Запрашан зошто продолжил да оди на гости и да престојува кај Епстин дури и откако милијардерот бил обвинет за педофилија, одговорот на британскиот принц Ендру (титула која му носи слободен претстој на безброј места низ светот) е - па некако беше пријатно.