За означување на 70 години на тронот, комеморативниот медал се доделува на лица од војска, полиција, пожарникари и затворски службеници, плус членови на кралското семејство со позиции во војската. Хари и Ендру ја избрукаа кралицата, ги загубија почесните титули и веќе нема медали. Брукањето е, сепак, од различни категории.
Хари направи Мегзит.
Ендру сексуално злоупотреби малолетничка.
Има разлика.
Минатата недела, на Ендру, војводата од Јорк му ги одземаа сите воени и кралски титули во сред судење за нападот што го извршил врз Вирџинија Робертс Жифре (што тој го одрекува).
Се повлече од должност во ноември, 2019 затоа што го поврзаа со Џефри Епстин, осуден педофил. За ова има документарец на Нетфликс, баш со сведоштвото на жртвата (и другите жртви и хоророт што се случувал) и треба да го гледате.
Минатата недела, официјалната изјава на Бакингемската палата беше,
„Со одобрение и согласност од кралицата, воените и кралските титули на војводата од Јорк ѝ се вратени на кралицата. Војводата од Јорк нема да има никакви јавни должности и својот случај ќе го брани како приватен граѓанин.“
Војводата од Сасекс (Хари) бара судот да ги прегледа правата за безбедност што му следуваат, бидејќи смета дека тој и неговото семејство заслужуваат зголемена полициска заштита како и „некои други што ја напуштиле јавната должност“.
Медалот инаку е дел од долга историја на доделување медали за означување на кралски јубилеи, а првиот бил доделен за 50-годишнината од владеењето на кралицата Викторија во 1887. Претходно се случувало да се доделат и на луѓе што не се дел од војска, како подарок.
Кога кралицата ќе прослави 70 години на тронот на 6 февруари, ќе биде прв британски монарх што го доживеал тоа.