Ендру и во иднина останува принц и ја задржува титулата „Неговото кралско височество“ меѓутоа нема да може официјално да ја користи. Освен принц, тој за сега останува и војвода на Јорк.
Во соопштението од Ендру се наведува дека: „Војводата ќе продолжи да не презема јавни должности и ќе се брани себе си на суд како приватно лице.“
Кралицата одлуката ја објави на Твитер:
Улогите што до сега ги имаше Ендру веднаш се предадени во владение на кралицата, која сега истите ќе ги распредели кај другите членови на кралското семејство.
Наспроти денешната ситуација, во октомври беше објавено дека кралицата Елизабета ќе ги плати судските трошоци за одбрана на принцот Ендру.