Принцот Ендру за време на прославите на јубилејот беше тргнат од повеќе јавни настани, на кои другите сениор членови присуствуваа, а според некои, ова се должи на кампања од страна на Вилијам и Чарлс кои одбиваат да ги има на слики со него.
Самата идеја дека принцот Ендру ќе се повлекува од сè повеќе функции не е некоја голема вест - веќе му беше одземена His Royal Highness титулата заради дружењето со Епстин и наводите дека силувал малолетничка. Во февруари се вонсудски се спогодија со Вирџинија Жифре.
Главниот настан за славењето на јубилејот на кралицата го пропушти „поради Ковид“, и од сега веројатно ќе „присуствува само на приватни ручеци“ со други гости.
Според Дејли Бист, ова е семејна одлука. Гласините велат дека повеќе ќе да е ултиматум.
Други извори велат дека Вилијам и Чарлс ѝ се спротиставиле на кралицата, велејќи ѝ дека Ендру не треба да учествува, до тој степен што Вилијам се заканил дека целосно ќе се повлече од настанот ако на Ендру му се дозволи да присуствува.
Според Дејли Телеграф, посрамениот принц лобирал кај мајка му да му ги врати титулите и повторно да го вклучи во семејството.
Ова на никој не му се прави. Барем во јавност.