
Фрапантната бројка ја твитна Радио Џенова пренесувајќи ја изјавата на премиерот Марио Драги во која меѓу другото е цитиран дека „невакцинираните не се дел од нашето општество“.
Според официјалните податоци, државата има 1,4 милиони невакцинирани во оваа возрасна категорија но 10% имаат сертификат за медицинско изземање а 800.000 не се во работен однос или пак се пензионирани.
Помладите работници кои се невакцинирани или пак не прележале ковид во последните 6 месеци ќе биваат суспендирани без надомест а за работодавците кои не се држат до правилата следуваат казни до 1.500 евра. За постари од 50 години, прележувањето не се важи.
Досега, невакцинираните мораа на секои два дена да покажуваат негативен ПЦР тест.
Новите мерки беа договорени во јануари и со нив на ниво на тотем се подигнуваат дигиталниот „супер зелен пас“ без кој не може да се оди ни на работа ниту пак да се влезе некаде: јавен транспорт, ресторани, кина, театри, стадиони...
На вакцинираност од 88% што е над европскиот просек и 36 милиони луѓе кои примиле и трета доза, Италија деновиве повторно доживува рекордни бројки: 190.000 случаи во еден ден а смртноста не била толку висока уште од пролетта 2020 година.
Во Грција, од ноември лани, вакцинирањето е задолжително за сите постари од 60 години а Австрија најави дека од февруари ќе почнува да казнува невакцинирани.