Па да не не?

Викиншките орди може биле транссексуалци

Меѓу Викинзите кои пред 1.000 години ја пустошеле Шкотска можеби имало транссексуални воини, е новиот правец на размислување што го пренесува Сандеј тајмс.

За Саша Кауард, образовен активист кој специјализира на тема родови и сексуалност, би било „грешка“ да се верува дека викиншкото општество ги следело традиционалните родови улоги. Како што пишува Сандеј тајмс за ова сведочат и неодамнешните откритија според кои некои од славените воини биле жени.

„Во најмала рака, мажите и жените во викиншкото општество излегувале од традиционалниот шаблон за машки и женски улоги, па возможно е дека зборуваме за луѓе кои денес се идентификуваат како транссексуалци или небинарни,“ изјавил Кауард.

Откритието врз кое се базира тврдењето на Кауард е гробница во Шведска од 10-от век која била ископана во 1878 година, и се претпоставувало дека и припаѓа на машки воин со висок статус. Во 2017, дополнителна анализа на скелетот покажа дека остатоците се од жена.

На слично мислење е и професорот по археологија од Упсала Универзитетот, Нил Прајс, кој претходно изјави дека жените викинзи можеби „биле трансексуалци“.

Иако останува многу издржаната опција дека едноставно станува збор за жена воин, Кауард се обидува да ги воведе викинзите во родовата дебата по основа на организацијата на викиншкото општество:

„Знаеме дека родовиот идентитет на човек во викиншкото доба често пати е поврзан со нивната улога во општеството, а не само со биологијата со која се родени“.

Сирма и Румена војвода би биле благодарни ако ги прескокне оваа дебата.

16 февруари 2022 - 14:23