Таткото од Месанж секоја вечер од полноќ до 3 часот наутро користел уред за блокирање на интернетот за да ги тргне своите деца од социјалните мрежи.
Меѓутоа уредот што го купил за тоа излегол дека е значително посилен од тоа што му треба, па заедно со своите деца од интернет го дисконектира и остатокот од градот и соседниот град.
Човекот немал поим што прави се додека на врата не му се појавила мобилната екипа која подолго време со комбе крстарела низ градот за да утврди од каде доаѓа блокадата на сигналот.
За ова таткото може да одговара со казна до 6 месеци затвор и 30.000 евра глоба. Неговата верзија е дека мислел дека го блокира само вифито и телефонскиот сигнал дома.
На сајтот на францускиот регулатор пишува дека децата на осомничениот од почетокот на карантините заради пандемијата „станале зависни од социјални мрежи и други апликации.“
„По консултирање на интернет форумите, таткото одлучи дека блокатор на интернетот е најдобар начин за ставање крај на ова.
Радикално решение но над се нелегално и несоодветно. Опремата не само што го блокирала сигналот кај него дома и кај соседите, туку и кај интернет корисниците во неговиот и во соседниот град,“ пишува во извештајот на Националната агенција за фреквенции, АНФР.