Прогресивни копита врз опасните баби на Канада

Шарените од БЛМ ги толерираа додека демолираа градови, ама затоа на овие што ги симпатишат камионџиите им пуштија коњица. Не беше бадијала, успеаа да прегазат  - баба. Истовремено, нивното МНР твиташе во одбрана на протестните права во Куба. Неверојатни времиња за живеење.

Канадските власти решија да пуштат коњичка полиција на протестантите во Отава, која упадна во толпата како бандата на Беливук во белградскиот кварт Савамала.

Полицијата на Отава „објасни“ дека прегазувањето се случило затоа што некој фрлил точак на коњите по што овие се вознемириле и се здале во стампедо.

Не постои никаков фрлен точак. Се работи за помагало за движење (скутер) кое го користела самата прегазена баба.

Настрана од главната џева, на ќошиња каде што мислат дека не се снима, полицијата џигери протестанти, онака најпроцедурално:

Еве ја опасната баба, си мантра „Peace, Love, Happiness“ пред да биде разбиена таа и нејзината групација опасна по редот и мирот:

Непосредно пред оваа акција на канадската полиција на апсење, тепање и газење, нивното министерство за надворешни работи ја осуди Куба заради нејзиниот однос кон демонстрантите:

„Канада го осудува ригорозното казнување на лицата кои учествуваа на демонстрациите во јули 2021 година. Канада силно се залага за слободата на изразувањето и правото на мирно собирање без вознемирување. Ние стоиме заедно со народот на Куба и нивните аспирации за демократија.“

Но, тоа не е сè од оваа до вчера блажено досадна земја. Пред нецела недела Трудо го потегна законот за вонредни околности со кој се овозможи на луѓе да им бидат смрзнувани сметки без судски налог, ако „надлежни“ институции се посомневаат дека тие сметки имаат врска со сомнителни активности (на пример донација за камионџии?).

Рекоа дека ваквите мерки ќе траат само 30 дена, доколку во меѓувреме парламентот не реши да ги продолжи. Само пет дена подоцна, заменичката премиер најави дека некои од мерките ќе бидат трајни:

 

 

19 февруари 2022 - 09:05