Лидерот на пратеничката група на партијата на Зеленски, Давид Аракхамиа, деновиве удри по западните медиуми за претерувањето во тоа што го известуваат околу неговата држава, состојбата и потенцијалниот исход.
Според Аракхамиа западната хистерија, во која според него предничат медиуми како Си-ен-ен, Блумберг и Вол стрит журнал, „сега ја чинат државата по 2 до 3 милијарди долари месечно.“
„Мислам дека кога оваа фаза ќе заврши за некои две до три недели, треба да направиме една анализа од ретроспектива за тоа како главните масовни медиуми почнаа да шират информации дури и полоши од Скабеева и Соловјов (руски телевизиски водители и новинари).
Треба да го изучиме тоа затоа што и тие се елементи на хибридна војна,“ изјавил Аракхамиа.
Како дел од желбата да имаат директен пренос од војната што западот не ја сака и од која се ужаснува, Ројтерс пред некој ден постави камера со непрекинат пренос во живо од плоштадот Мајдан, во очекување дека во живо ќе ја фатат руската инвазија на Киев. Преносот заврши вчера, откако ниту на 15-ти (датумот на инвазија според Блумберг), ниту на 16-ти (датумот според Бајден) инвазијата не се случи.
Бонус на ова локалците во меѓувреме почнаа да летаат дронови пред камерата на Ротерс со разни пораки., како овој што носи натпис дека се продава гаража во Киев, а како телефон за контакт е оставен бројот на руската амбасада во земјата.
А некој им ја рокна и советската химна: