Таг: си-ен-ен

Си-ен-ен, рекордно лошо

Минатиот викенд водечките програми на Си-ен-ен ја имале најслабата гледаност меѓу клучната публика од кога се води евиденција, собирајќи нешто под 60.000 гледачи.

Дали Си-ен-ен го крена белото знаме за Украина?

Андерсон Купер разговара со Џим Шуто, главниот известувач на Си-ен-ен за национална безбедност. Темата е украинската контраофанзива и недостатокот на истата. Во последните 20 години веројатно само за победата на Трамп атмосферата во Си-ен-ен била вака траорна како сега.

Педофилот екс-продуцент на Си-ен-ен осуден на 19 години затвор

Казната од 19 години за Џон Грифин е за привлекување и сексуално искористување на 9 годишно девојче. Грифин беше уапсен во 2021 додека се уште беше вработен во Си-ен-ен.

Од омраза кон Трамп Си-ен-ен не ја истражувал теоријата за протекување на ковид од лабораторија

Поранешниот ЦЕО на Си-ен-ен, Џеф Закер, им наредил на вработените да не ја обработуваат теоријата за протекување на ковид од лабораторијата во Вухан, затоа што тоа бил еден од ставовите ширени од тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Си-ен-ен веќе не може да наметне агенда ни на временска прогноза

Дон Лемон од Си-ен-ен во разговор со експерти за урагани пробува ураганот Иан да му го препише на глобалното затоплување. Првиот пат е учтиво одбиен, вториот пат е научно одбиен.

Не знаеш дали републиканци или демократи помалку го сакаат Бајден за 2024

Си-ен-ен објавува анкета според која 64% од регистирани демократи гласачи, сакаат Бајден да се откаже од втор мандат и нивната партија да има друг кандидат за претседателските избори 2024. Ако се загребе малку подлабоко во резултатите, една од најзастршувачките цифри е дека кај демографијата демократи под 30 години, оваа бројка е 94%.

Си-ен-ен ѝ гори на Украина по 2 милијарди долари месечно

Во надреалната ситуација околу Русија и Украина стигнати сме до фаза во која целосната западна дипломатско-медиумска машинерија алармира и труби за неизбежната руска инвазија, а од друга страна претседателот на Украина и тамошни високи функционери да молат да се смири топка и да не се претерува во извештаите.

Претседателот на Си-ен-ен поднесе оставка заради колешка

Џеф Закер повеќе не е претседател на Си-ен-ен откако со години пред колегите (а многу веројатно и пред сопругата) криел љубовна врска со директорка во телевизијата.

Кошмарната недела на Си-ен-ен

Последнава недела кој што прави, околу Си-ен-ен само кружат лоши вести за нивни новинари или вработени. Последната е дека продуцент на Си-ен-ен е уапсен за педофилија.

Дали претседателската дебатата се одржала ако луѓе не ја гледале?

Првото полувреме од втората дебатата на претседателските кандидати на Демократите (заради бројот на кандидати поделени се во два дена) одржана на Си-ен-ен бележи понорен пад на гледаноста од 40% во споредба со онаа во јуни.

Дали Си-ен-ен и Ен-би-си протекувањето информации го плаќаат со вработување?

Годинешната награда на Асоцијацијата на дописници од Белата куќа ја доби тимот на Си-ен-ен за веста дека 4 директори на разузнавачки агенции од времето на Обама го известиле Доналд Трамп дека Русија има компромитирачки материјали за актуелниот американски претседател. Не само што ја имаше веста, Си-ен-ен го имаше и го објави документот (Стил досието) на кое се базираше информацијата на разузнавачите. Она што пропушти да објави е да каже како го доби.