CNN објавија „извонредни моменти“ кога нивната главна дописничка Клариса Ворд сведочи на ослободување на сириски затвореник од таен затвор во Дамаск. „Оставен сам со денови без храна, вода или светлина, човекот не знаел дека режимот на Башар ал Асад паднал,“ ќе нè трогнат сиененовци. Сеирџии забележаа, после три месеци во самица, како бе ноктите толку средени?
Клариса Ворд е од оној жанр репортерки кои ги викаат „падобранци.“ Ќе ги симнат на кое било место на светот, ќе направат драматичен прилог и брзo-брзо ќе заминат на друго жариште.