Педофилот екс-продуцент на Си-ен-ен осуден на 19 години затвор

Казната од 19 години за Џон Грифин е за привлекување и сексуално искористување на 9 годишно девојче. Грифин беше уапсен во 2021 додека се уште беше вработен во Си-ен-ен.

Откако ќе ги одлежи 19-те години затвор, на Грифин му следуваат и 15 години надгледувана слобода. Грифин до крајот на животот нема да смее да биде во контакт со луѓе под 18 години, освен во присуство на возрасен кој претходно е одобрен од офицерот за условно, и забранет му е пристап на места каде што се собираат деца, како школи, игралишта и забавни паркови, освен ако и тоа не е одобрено од офицерот за условно.

Тој во декември се изјасни како виновен дека привлекол и присилил девојче на сексуална активност во неговата куќа во Вермонт. Како дел од договорот со обвинителството, повлечени се две обвиненијата по две други основи против него.

Грифин по апсењето во 2021 се изјасни како невин.

Според документите, Грифин летото 2020 се запознал со жена на интернет и ја убедил таа заедно со својата ќерка да дојдат во неговата куќа во Вермонт за сексуални активности. Грифин на жената и на девојчето им ги платил и авионските карти, ги собрал со кола и ги донел до неговата куќа, каде сексуално го нападнал девојчето.

Грифин беше уапсен во декември 2021, по што веднаш беше отпуштен од Си-ен-ен каде работел осум години.

21 јуни 2023 - 11:20