Кошмарната недела на Си-ен-ен

Последнава недела кој што прави, околу Си-ен-ен само кружат лоши вести за нивни новинари или вработени. Последната е дека продуцент на Си-ен-ен е уапсен за педофилија.

44-годишниот Џон Грифин кој 8 години беше продуцент за Си-ен-ен, меѓу другите и на Крис Куомо, е уапсен заради „обид за поттикнување на малолетнички на противзаконска сексуална активност.“

Грифин е обвинет за наводна сексуална активност со 9-годишно девојче и обид да убеди родители на малолетни деца „да му дозволат да ги обучи нивните ќерки да бидат сексуално субмисивни.“

Во обвинението стои дека Грифин платил и имал онлајн профил на сајт за „БДСМ контакти, фетиш и кинк“, кој меѓу другото го користел за да најде родители „кои ќе му дозволат да ги обучи нивните ќерки да бидат сексуално субмисивни.“

Во февруари 2020, Грифин обезбедил планинска викендичка во Вермонт во која се понудил да им биде домаќин на мајките и нивните малолетни ќерки за „сексуалната обука“. Од април до јуни 2020, тој одделно разговарал со таткото на 14-годишно девојче, и мајката на 16-годишно девојче, и им предложил да започнат „сексуален тренинг“.

Дополнително Грифин е обвинет дека во јули платил 3.000 долари на жена за со авион да ја донесе 9-годишната ќерка во Бостон, каде тој ги собрал од аеродром и ги однел во викендичката во Вермонт „каде детето добило насоки да се вклучи и се вклучило во нелегални сексуални активности“.

Пред Грифин пред почетокот од викендот еден од најгледаните новинари на мрежата, Дон Лемон, беше обвинет дека не кажал дека ги употребил своите медиумски врски за да го помогне Џуси Смолет, американскиот актер обвинет за лажирање на расистички инцидент. Смолет беше на суд дека потплатил двајца Нигеријци да го нападнат и да го истепаат, за подоцна нападот да го пријави како расистички инцидент. Сето ова и се случува, меѓутоа полицијата подоцна открива и дека целата работа е исценира од Смолет.

За време на драмата, Дон Лемон, благодарејќи на своите врски стигнал до информација од полицијата дека властите не веруваат во приказната на Смолет, и му пишал порака за да го предупреди.

Ваквата серија на Си-ен-ен започна на 5 декември, кога по неколкумесечно толерирање новинската мрежа одлучи дека е време да го отпушти Крис Куомо заради помагање на својот брат во случај со сексуално малтретирање. Во прво време Крис имаше поддршка од телевизијата кога објави дека го советувал својот брат Ендру Куомо, околу скандалот со сексуално малтретирање. Поддршката и толеранцијата ја снема кога се дозна дека Крис ги користел своите медиумски врски за откривање детали за жените кои го обвинуваат Ендру, и лично ги пишувал соопштенијата на таборот на брат му.

13 декември 2021 - 10:17