Врската е новинарот на Си-ен-ен Еван Перез и неговото пријателство со поранешниот новинар и колега од времето кога тој е во Вол стрит журнал, Глен Симпсон. Додека Перез се сели од еден медиум во друг, Симпсон ја основа компанијата Фјужн ГПС која е ангажирана од кампањата на Клинтон и од Демократската партија да го изработи Стил досието.
„Оваа сторија сега добива на внимание по објавувањето на седум владини документи кои детално го опишуваат работно партнерство меѓу шпионските агенции и медиумите кои помогнале во ширење на политичко меме и покрај тоа што доказите на кое тоа се базира се видливо неточни. Иако ваква врска - да ја наречеме дослух - може е рутина во земјите од Третиот свет, таа не оди на добро кога е во прашање здравјето на американскиот печат, и нашите демократски институции,“ пишува Ли Смит во текстот за Таблет магазин.
Од седумте меморандуми напишани од поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коуми во кои се документираат неговите состаноци со Трамп, два го раскажуваат првиот дел од приказната околу средбата. Коуми е еден од четворицата директори кои на 6-ти јануари 2017 во Трамп кулата во Њујорк се среќаваат со се уште неинаугурираниот претседател на САД. Состанокот е таму и во тој состав по инсистирање на директорот за национална безбедност Џејмс Клапер кој сака да зборува со Трамп или на само или во мала група. Тогаш Коуми го информира Трамп дека Русите наводно имаат снимки од него и проститутки во претседателскиот апартман во Риц Карлтон во Москва од 2013.
„Реков не велам дека тоа е вистина, само дека сакам да знае дека така сме известени и дека извештајот минал низ многу раце. Му реков дека медиуми како Си-ен-ен го имаат и ги бараат ударните моменти во него,“ објаснил Коуми.
Минатата недела Постојаниот комитет за разузнавање објави извештај од 253 страни за Руските активни мерки, во кој Клапер, кој претходно бара на само да зборува со Трамп, изјавува дека за досието разговарал со Џејк Тапер, еден од новинарите на Си-ен-ен кој беше во тимот што ја доби наградата за објавување на веста. Оваа средба се случила некаде на почетокот на јануари 2017, отприлика во времето кога тој со останатите разузнавачи го информираат Трамп за Стил досието.
„Од тогаш, илјадници статии од приказната за соработка меѓу Трамп и Русија им беа послужени на еластичните дигитални медиуми од кабалите на политички оперативци и поранешни шпиони. Лаги, инсинуации, неверојатни теории на заговор, и упорни обвинувања ги заменија старомодните правила на потврдени извори, објективност и базична вистинитост. Иако општествената цена на ова радикално напуштање на овие векови стари норми најверојатно ќе биде висока, таа стекна две главни форми на оправдување, столбови двојници на новиот печат.
Првата причина, популарна и кај левицата и кај Никогаш Трамп кликата на десницата, е тврдењето дека Трамп е опасен фашист кој е на раб од рушење на владеењето на правото во САД, итност која, ако е реална, може и навистина да повикува на екстремни мерки, како отфрлање на принципите на новинарство базирано на докази. Проблемот со овој аргумент е што без разлика колку се очигледни и иритирачки маните на овој човек, нема ниту еден доказ за тезата дека Доналд Трамп има намера да ги отстрани Конгресот и судовите и да владее според сопствен Трамповски закон. Тврдењето дека постојат такви докази е сфера на лудаци, и на луѓе кои имаат корист од нивно вознемирување по социјални медиуми, или заработуваат од нив.
Втората причина за напуштање на легалните, институционални, и процедурални норми што е неопходно за теориите на заговор а далеку попроблематична. Лагите и дезинформациите со кои се храни печатот од поранешните високи разузнавачки функционери, кои сега добиваат плата од истите медиуми со кои без партнери, се дел од постојана кампања која, ако биде успешна, ќе ги заштити истите овие поранешни шпиони од легални последици од нивното прекршување на законите за време на нивниот мандат,“ пишува Смит.
Тој го дава примерот со Џејмс Клапер, директорот за национална безбедност на САД од состанокот со Трамп, за кој во извештајот на комитетот за разузнавање пишува дека во своето сведочење отфрлил какво било дискутирање со новинари околу Стил досието или какви било други разузнавачки податоци поврзани со руското хакирање од 2015, што очигледно не е точно.
„Па сега иако на Клапер му следуваат проблеми со законот заради лажење на Конгресот, тој од оваа соработка успеа да извади работно место, па од август 2017 е ангажиран од Си-ен-ен како аналитичар. Ќарот од ова е што прво добива пари од мрежата за информациите што ги споделува со нив, и второ позицијата му дава заштита од правните последици за неговите постапки,“ пишува Смит.
Слично мина и поранешниот раководител на ЦИА и еден од луѓето на состанокот во Трамп кулата, Џон Бренан, кој протече информации „додека наводно ги бранеше тајните на Америка“, и сега има договор со Ен-би-си, „кој заличува како да е еден вид плаќање за протекување на политички важни информации па дури и доверливи разузнавачки податоци.“
„Сето ова е доволно за да му се згрози на секој вистински новинар - или барем би било, кога во Вашингтон би бил останат барем некој вистински новинар, наместо луѓе кои си делат награди за објавување работи што им се дадени на тацна од опозициски центри или од шпиони со јасно политички агенди. Колку срамно.
Ако ви е тешко да видите како печатот ќе најде излез од оваа дупка, тоа е затоа што новинската индустрија колективно одлучи да продолжи да ја копа. Пулицерот 2018 за домашно известување не беше доделен на една сторија, или на еден новинар, или на истражувачки тим на еден весник. Уникатно, тој беше доделен на редакциите на двата најголемите американски весници, Њујорк тајмс и Вашингтон пост. На кои им се честиташе за 'неуморно покривање во јавен интерес, базирано на извори, кое драматично го прошири разбирањето на нацијата за руското мешање во претседателските избори 2016 и неговите врски со кампањата на Трамп, транзицискиот тим на избраниот претседател и неговата администрација.'
Со други зборови Пулицеровиот комитет ја награди индустријата како целост за нејзината работа на сторијата за соработка меѓу Трамп и Русија. Ако не го направеше ова, тоа ќе се сметаше како огромен укор, кој имплицира дека секоја новинска организација во Америка фрлила половина од своите се помали буџети и уште поголем дел од својот преостанат кредибилитет на каша од гласини и инсинуации кои излезе дека ништо не вредат,“ смета Смит.
Неговата процена е дека од наградите станува јасно дека има институционална потреба за оправдување на масовните фрлени суми на бајката за соработката меѓу Трамп и Русија, потреба „која ќе продолжи да го прогонува новинскиот бизнис, и ќе ги присилува новинарите постојано да го затскриваат епскиот обем на катастрофата што тие и нивните колеги и ја приредија на оваа професија.“
Тој како пример ја дава веста на Њујорк тајмс од 27 април за руската адвокатка која се сретнала со Доналд Трамп јуниор и други ликови од кампањата на Трамп, Наталија Веселницкаја, и која признава дека е „адвокат и информатор, и дека од 2013 активно комуницира со канцеларијата на рускиот главен јавен обвинител“. Информација што Таблет магазинот ја објави уште минатото лето.
„Сега внимателно пази за да научиш како се прави колбасот и потоа како се прави од ново. Весникот пишува дека Веселницкаја 'изгледа го порекнува нејзиното претходно негирање на врски со руската влада' - а сепак таа повеќе од една година кажува дека е поврзана со функционери од Кремљ. Всушност таа е цитирана во текст од 10 ноември 2017 во кој речиси истото му го кажува на новинар од Ен-би-си њуз во врска со истиот случај: 'Јас бев главниот извор за оваа информација за канцеларијата на рускиот јавен обвинител'.
Па зошто тогаш Њујорк тајмс известува за интервјуто на Ен-би-си њуз како вонредни вести? За да се разбере поентата на сторијата на Тајмс, треба да знаеш што сè недостасува. Како што историјата селективно одново се пишува за да се отстранат најочигледните скретници од реалност која може да се потврди, без да се признае обемот на претходните грешки и невистини, новинскиот производ потсетува на продукт на државен медиум, во кој одржувањето на кредибилност на владејачката елита бара покривање на очите на читателите, од кои се очекува активно или пасивно да соработуваат со сопственото прелажување,“ објаснува Смит.
Тој ја раскажува целата приказна околу Веселницкаја и Трамп:
Британски музички публицист го договара состанокот на Веселницкаја со синот на Трамп во Трамп кулата ветувајќи валкани работи околу Хилари. Трамп помладиот во меил одговара „Ако го има тоа што го кажуваш, многу би сакал.“
Меѓутоа Веселницкаја нема никакво инфо за Хилари. Таа е дојдена да разговара за американските санкции против руски функционери и останати ликови блиски на Владимир Путин кои се имплицирани во смртта на Сергеј Магнитски, рускиот сметководител кој е ангажиран од финансиерот со потекло од Чикаго, Вилијам Броудер за да го истражи заташкувањето на 230 милиони долари данок што компанијата на Броудер го платила на руската влада. Магнитски е уапсен во 2008 и е најден мртов во својата келија во московскиот затвор една година подоцна. Магнитски законот е законот кој Броудер успева да го излобира во САД за да ги казни сите вмешани, и како директен удар за Путин.
Веселницкаја е ангажирана да претставува компанија во сопственост на луѓе блиски на Кремљ обвинети од американското министерство за правда за перење на дел од профитот од даночната измама што Магнитски ја истражува во име на Броудер кога е уапсен. Бидејќи случајот со измамата и Магнитски законот директно удираат на руските интереси, како и на личните интереси на Путин, природно е адвокатот кој го води случајот да биде во блиски контакти со главниот правник на Кремљ.
„Сепак сторијата на Тајмс од минатата недела едвај го споменува Магнитски, а Броудер воопшто не е спомнат. Зошто? Затоа што тоа ќе го ослаби фокусот на сторијата чија задача е да ги покаже врските на тимот на Трамп со соработници на Кремљ, и ќе постави некои непријатни прашања кои ќе го поткопаат водечкиот наратив, дека Трамп соработувал со Русија за да и го украде претседателскиот мандат на Хилари Клинтон.
Дополнителни детали во сторијата на Тајмс ќе покажат дека еден од партнерите на Веселницкаја во анти-Магнитски случајот е Фјужн ГПС. Фирмата на Глен Симпсон е ангажирана да работи на валкана кампања против Броудер во печатот. Главните поенти за Магнитски и Броудер што Веселницкаја ги рецитира на состанокот во Трамп кулата, поентите кои претходно ги споделила со рускиот јавен обвинител, буквално се напишани од Фјужн ГПС.
Ама чекај малку. Фјужн ГПС - е истата компанија што беше најмена од кампањата на Хилари и Демократската партија за создавање на Стил досието. Значи Фјужн ГПС шири извештаи за поврзаноста на тимот на Трамп со Русија со цел да ја предупреди Америка за можната криминална конспирација во која ќе бидат продадени американските интереси во замена за помош за добивање на претседателството - додека во исто време работи на кампања која ги брани интересите на Кремљ со поткопување на американски закон. Ќе прашаш, како е тоа можно? И зошто Тајмс не извести за овој факт?
Затоа што и Тајмс е врзан со Фјужн ГПС. Вилијам Броудер ми кажа дека кога се обидувал да придобие најразлични новинари да известуваат за улогата на Фјужн ГПС во кампањата против него и Магнитски законот, тој открива дека основачот на компанијата Глен Симпсон 'е длабоко поврзан како извор за различни стории, и никој не сака да напише сторија за него.'
Во сведочењето на Симпсон од 22 август 2017 пред сенатот, тој е запрашан за веродостојноста на Стил досието. Во неговиот одговор, Симпсон забележува дека една од ’клучните реченици’ во Стил досието кажува дека Трамп и ’неговите блиски соработници прифаќале редовен прилив на разузнавачки информации од Кремљ, вклучувајќи и за неговите ривали од демократите и останатите политички ривали.’ Во ретроспектива, како што вели Симпсон ’сега знаеме дека ова е прилично точно во однос на тоа што го пишува... (досието) ги опишува дека прифаќале информации. Она што го имаме видено до овој момент со откритијата од годинава е дека тие во најмала рака биле супер заинтересирани за добивање на информацијата.’
Кога од комитетот побараа од Симпсон да специфицира што мисли под ’откритијата од годинава’, тој одговара: ’состанокот во Трамп кулата’.
Па, според Симпсон, состанокот во Трамп кулата покажува дека делот од Стил досието во кое се тврди дека тимот на Трамп добива валкани информации од Кремљ е точен - што значи дека Симпсон во основа признава дека состанокот меѓу Трамп јуниор и Веселницкаја, неговиот бизнис партнер, е местенка. Документот од досието кој тврди дека тимот на Трамп сакал да добие валкани информации за Хилари е со датум од 20-ти јуни 2017, недела и пол по состанокот од 9-ти јуни 2017 - на кој такви валкани информации се понудени, и кои помагаат во создавање на тезата за соработка. Во сведочењето на Симпсон од 22 август 2017, фразата ’откритијата од годинава’ се однесува на статијата на Њујорк тајмс објавена нешто повеќе од еден месец претходно, на 8-ми јули, во која се известува дека најстариот син на Трамп претходната година се сретнал со руски адвокат, кој според Тајмс, ’има врски со Кремљ’. Ќе прашате, кој може да му ја дал оваа сторија на Тајмс?
Дури и оригиналната сторија на Тајмс за состанокот со Веселницкаја ги нагласува нејзините врски со Кремљ. Тоа е целта на местенката, да се нагласи врската со руски функционери со цел да се докаже наративот за соработка меѓу Трамп и Русија. Меѓутоа сега, оваа информација, која самиот весник ја објави ретроактивно се брише. Целта на неодамнешната сторија на Тајмс (од 27 април) - во која се тврди дека никој претходно не знаел за нејзините длабоки врски со Кремљ - е да се покрие улогата на весникот во целата операција, додека истовремено се повторува наративот за соработка меѓу Трамп и Русија.
Иако е тешко дури и за приврзаниците да ја сфатат сериозно буквалната верзија на тезата за соработка, некоја верзија на овој наратив, без разлика колку квалификувана или измислена, мора да е вистинита - инаку Тајмс, како и Пост, Си-ен-ен, Ен-би-си и безброј други медиумски организации објавиле илјадници стории и едиторијали чија водечка поента едноставно е не точна, правејќи ја пепел репутацијата на дузини новинари и експерти, Пулицерови награди и сè.
Тешко е да се замисли што било полошо за демократијата отколку новинари кои се координираат со политички оперативци и шпиони што се платени да протекуваат информации во печатот за американски граѓани. Ама сега сме токму таму. Го достигнавме дното,“ завршува Смит.