Се работи за публиката од 25 до 54 години кој е најважната демографија што ја бркаат огласувачите, Си-ен-ен успеал да собере само 55.000 гледачи од нив за програми како „State of the Union with Jake Tapper and Dana Bash,” и „Fareed Zakaria GPS.”
Во неделата во најгледаните термини кои ги држат Андерсон Купер и Стенли Тучи, публиката од оваа демографија била само 43.000. Според Њујорк пост, ова е најлошиот рејтинг на мрежата од кога се води статистика по демографски групи.
Со вакви бројки Си-ен-ен завршил зад Фокс, а пред Ем-ес-ен-би-си.
Периодов Си-ен-ен треба да биде преземен од поранешниот ЦЕО на Њујорк тајмс, Марк Томсон, откако Крис Лихт беше избркан заради лоши резултати.