Марион Рингете веќе не е прв човек за комуникации во министерството за јавна безбедност на Онтарио откако се открило дека има донирано сто долари за „Конвојот на слободата“, протест кој ја парализираше Отава и собра завидна подршка од граѓаните на Канада.
„Госпоѓа Рингете веќе не работи за владата на Онтарио. Нема ништо да коментираме на оваа тема,“ рече Ивана Јелиќ, портпаролка на премирот на Онтарио, Даг Форд.
Името на екс-директораката се појави откако хакери го пробија сервисот GiveSendGo кој стана главен канал за донации за конвојот, откако GoFundMe безобразно ја скина иницијативата и матеше околу враќање на парите. Протекоа имиња на над 100.000 луѓе кои решиле да ги помогнат камионџиите со лични донации, меѓу кои има и вработени во НАСА, канадски државни службеници а американскиот технолошки могул Томас Сибел донирал 90.000 долари.
Интересно е што донации стигнале и од луѓе во владата на Даг Форд кој зазеде крути позиции кон протестите нарекувајќи ги камионџиите окупатори.
********
Чек, мора да ја видите персоната што го хакна GiveSendGo, хистерична лудара на која не ѝ чуе што којзнае колку луѓе остануваат без работа затоа што донирале за камионџиите. Обри Котл, познат и како Киртанер.
**********
Инаку, само еден ден откако владата на Џастин Трудо го потегна законот за вонредни ситуации, на петте најголеми канадски банки (Royal Bank of Canada, Bank of Montreal, Scotiabank, TD Bank Canada и Canadian Imperial Bank of Commerce) им се случи тотален повеќечасовен шатдаун во кој цела држава остана без онлајн и АТМ сервиси. Официјални објаснувања сè уште нема па на Твитер на големо се шпекулира:
Самиот Трудо и натаму делува целосно дезориентиран во ситуацијата. Последната глупоќа му е што ги обвини еврејските конзервативци дека подржуваат луѓе кои мафтаат со свастики.
Моментот кога ги наруга камионџиите па замина на тајна локација, Мат Таиби го нарече „Николае Чаушеску моментот на Џастин Трудо“, правејќи паралела меѓу фамозното исвиркување на романскиот диктатор на неговото последно обраќање пред народот по што набргу беше ликвидиран со сопругата, и Трудо кој манифестира немање сенс за тоа што вистински се случува во земјата.