Директорка на Левис се откажа од еден милион долари за слободнo да зборува

Бренд претседателката на компанијата Левис даде отказ и се откажа од понудениот пакет отпремнина од еден милион долари, само за да биде слободна да каже што мисли за затворањето на училиштата во време на ковид.

„Му се придружив на Левис пред повеќе од 20 години. Одам а да бидам слободна“, твитна Џенифер Сеј нудејќи и линк до еден нејзин есеј во кој ги објаснува своите позиции околу локдаунот за младите.

Има четири деца и откако започна пандемијата и мерките, секогаш беше гласна во повиците да не се затвораат школите.

Вели дека менаџментот на Левис директно и порачал да престане да зборува за политички (?) теми а тензииите се зголемиле откако се појавила и на Фокс Њуз.

Патем, ѝ нафрлиле заводлива понуда дека ако ги послуша советите, токму таа може да биде следниот ЦЕО на фирмата.

Ѝ била понудена и отпремнина од еден милион долари но одбила бидејќи тоа подразбирало да потпише договор за доверливост, односно да не смее да зборува на тема што се случувало со неа и менаџментот во проблематичниот период. 

Џенифер Сеј е поранешна гимнастичарска олимпијка која учествуваше на игрите во Москва. Кариерата во Левис ја започнува од ниска позиција на асистентка но се пробива и станува првата жена  од компанијата на која ѝ е доверен брендот

 

16 февруари 2022 - 17:55