Оставете ја Кина има за учење

Министерствата за образование и финансии на Кина составија список од 331 дисциплина во која 147 универзитети од земјата имаат фора до 2030 за да постигнат „првокласен стандард“.

Целта на планот е што е можно повеќе универзитети и сродни институции да бидат рангирани меѓу најдобрите во светот до 2030, а до 2035 државата да стане глобална едукациска сила. Паралелно со двете министерства на планот работи и државната агенција за планирање на економијата.

Очекуваниот исход од напредокот во образованието е:

- Подобрување на кинеската конкурентност меѓународно.
- Да им послужи на националните стратешките потреби.
- Да поттикне интердисциплинарни истражувања.

А сето ова ќе биде засилено со дополнителни инвестиции од владата во наука и интердисциплинарни предмети.

Од 331 дисциплина на листата, 180 се инженерски предмети, 59 се наука како математика, физика, хемија и биологија, а 92 се поврзани со филозофија и општествени студии како етнологија и Марксизам.

Минатата година министерството за образование им даде задача на 12-те најдобри универзитети во земјата да воведат нови установи „фокусирани на изградба на кинеската предност во напредни технологии“.

Моментално, меѓу топ 100-те Универзитети низ светот според Шангајската листа, има 7 од Кина. Највисоко рангиран е Универзитетот Цинхуа на 28-то место. Во првите 30 Универзитети на листата 20 се американски.

Кога во 2017 Кина прв пат објавува план да ги претвори своите Универзитети во образовни институции од светска класа, само два кинески универзитети се меѓу првите 100, Универзитетот на Пекинг и на Цинхуа.

17 февруари 2022 - 14:42