Дезинформации за ковид, ама обратно

Данската влада стана прва во светот која реши дека е потребно да се бори и против хистеричното сеење страв во врска со ковид што создава несигурност и паника а поради што многумина се убедени дека болеста е поопасна отколку што навистина е.

Отворена е официјална веб страница која адресира типични дезинформации околу бројките и состојбата со пандемијата во Данска кои масовно се споделуваат на социјални медиуми па предизикуваат несигурност и паника меѓу граѓаните, вели данската држава.

Тврдење: Екстремно многу луѓе се хоспитализирани во последно време.
Неточно. Пропорцијата на хоспитализарани лица со ковид паѓа од септември 2021.

Тврдење: Децата сериозно се разболуваат од ковид.
Неточно. Повеќето деца немаат или имаат благи симптоми кога се инфицирани. Во споредба со старите, за децата ова е блага болест. Само едно од 4.100 деца развива сериозен мулти-инфламаторен синдром.

Тврдење: Поради исполнетост на капацитетите за интензивна нега, со ковид пациенти се полнат и психијатриските капацитети. 
Неточно.

Тврдење: Данската влада реши дека ковид веќе не постои.
Неточно: Ковид-19 апсолутно постои но не се смета дека и натаму е зараза критична за општеството. Првенствено, заради две причини: затоа што доминаната омикрон варијанта е поблага од претходните и затоа што огромен дела од луѓето се вакцинирани.

Тврдење: Ковид веќе не се смета за опасен затоа што Данска решила дека луѓето кои сериозно се разболуваат не се важен дел од општеството.
Неточно. За Данска секој човек е важен и секој кој сериозно се разболел добил медицинска грижа со највисоки стандарди.  

16 февруари 2022 - 09:57