Вести

Зелениот кинески ѕид околу пустините расте побрзо од другите шуми

Кина одамна ја прогласи за успешна својата стратегија да го запре ширењето на пустини опкружувајќи ги со зелен ѕид од десетици милијарди дрвја, но сега забележала и изненадувачки бонус – дрвјата во овој ѕид растат побрзо отколку во природните шуми во земјата. Феноменот е најизразен кај дрвја од 30 до 40 години, но подоцна се губи ползата за околината.

Новите руски војници во просек преживуваат 35 минути борба на фронтот

Новите тактики, оружја и технологии го направија фронтот во Украина поубиствен од која било рововска војна досега. Руски воени блогери тврдат дека новите руски војници што доаѓаат на фронтот може да издржат едвај половина час пред да бидат лоцирани и погодени од дронови, кои се претворија од извидувачки летала во машини за убивање.

Канада поставува граница на еутаназијата

Парламентарна комисија во Канада ја отфрли иницијативата да им се овозможи асистирана еутаназија на пациенти кои страдаат од депресија или шизофренија и кои во налет на болеста може да решат да си го одземат животот. „Влада која нуди смрт како излез од проблемите што ги наметнува општеството воопшто не е хумана, туку е спротивното“, заклучува комисијата.

Речник

Врховниот суд ги заштити трујачите со хербициди од тужби на болни од рак

Врховниот суд на САД  им дозволи на агро-хемиските гиганти да не објавуваат предупредувања на своите хербициди дека се токсични и може да предизвикаат рак. Ако федералната агенција не бара такви етикети, сојузните држави немаат право да покренуваат процеси. „Информациите што се спротивни на заклучоците на EPA се по дефиниција неточни“, наведува судот.

Европа станува бастион на цензурата

Европскиот суд на правдата донесе одлука со која дозволи кривично гонење на поединци кои ќе објават или споделат содржини на Раша Тудеј и други руски медиуми кои имаат врска со државата. Небитно дали пренесените информации биле точни или не, небитно ако некој тоа го направил без економска корист, небитно ни дали содржината што ја споделил воопшто има врска со пропаганда или украинската војна. „Маша и Медо“ да се сподели од РТ, може да се заглави на повеќегодишна робија. 

Донаторите за салата на Трамп од 400 милиони долари, добиле бизниси од 50 милијарди

Булдожерите веќе завршија со пробивањето на Источното крило на Белата куќа за да направат место за контроверзната балска сала на претседателот Доналд Трамп. Некои од најголемите корпорации во земјата тивко помагаат да се плати сметката а нов извештај сугерира дека тие за возврат добиваат огромни бизниси.

Дел од ослободена Украина не е пресреќна што е ослободена

Иако минаа месеци откако украинската армија го врати Купјанск под своја контрола голем дел од локалното население како да се чувствува под окупација, од Украинците.

Пијан возач ги тужи оние што го служеле

26-годишната Даниела Леис мртва пијана била исфрлена од концерт на Мерлин Менсон. Таква влегла во кола да вози и по пат удрила во куќа, оштетувајќи цефка за гас, што предизвикало експлозија која оштетила четири други куќи и повредила седум луѓе. Леис ништо не негира од ова освен дека таа не е виновникот.

Рик Рубин: Труп сум на миксета и немам појма од музика

Освен Квинси Џонс, веројатно нема поголем продуцентски ѕвер од Рик Рубин. 9 Греми награди, работење со тешкаши како Ред Хот Чили Пеперс, Металика и Џони Кеш. Сите се убедени дека многу знае музика. Тој одговорно тврди дека не е така.

Германија продолжува да увезува енергенси, ама барем не се руски

За оваа една година војна во Украина, Германија и понатаму останува зависна од увоз на енергенси, но тоа веќе не се руски туку се купени на меѓународен пазар, изјавува германскиот министер за енергетика, Кристијан Линдер.

Ќе лечиме стрес со екстази

Соочени со сериозна криза на менталното здравје, американските власти станаа сè поотворени кон истражување на лековитите својства на опојките. Први во редот психоделици што „чекаат“ дозвола за медицинска употреба се псилоцибинот и МДМА. 

Како пропадна вештачкото месо

Се што требаше за крахот на вештачкото месо, промовирано како револуција која целосно ќе го промени светот и начинот на кој се храниме, е луѓето навлечени на маркетинг галамата да го вкусат производот и да прочитаат како всушност се добива месо од лабораторија без животни, за со трчање да се вратат на старомодното вистинско месо.

Трамп спрема камбек на Твитер и Фејсбук

Откако беше одблокиран од Твитер, Доналд Трамп сака да си го врати и својот Фејсбук профил. Неговите 4,8 милиони следачи на Truth Social, платформата што самиот ја направи, изгледа нема да бидат доволни за победа на претстојните избори. 

ЕУ планира да јаде штурци

Една година и нешто откако Економист пишуваше дека глобалното производство за храна ја задушува планетава и ги исцрпува нејзините реруси а еден од проблемите е што западните луѓе се премногу гадливи на поинаква храна, во листата на дозволена храна, ЕУ ги додаде штурците.

На Маск му стасува ратата за кредитот за Твитер

За еден посериозен дел од цената на Твитер, Маск, иако на хартија ги има парите, зема кредит од банка во износ од 13 милијарди долари и некаде кон крајот на јануари ќе треба да ја плати првата рата од кредитот, што на овие пари изнесува 1,5 милијарди долари.

Како лобистите од појадокот направија најважен оброк во денот

Човек кој живее на автопилот следејќи го она што го пишува во медиуми, може да се убеди дека сите препораки за исхраната и здравјето се резултат на чиста наука и напредокот во сознанијата. ОК. Знаете ли дека човекот кој го измисли „лесниот оброк со житарици“ е истиот човек кој веруваше дека најголемо зло е мастурбирањето? 

Зеленски ја користи маглата од војната за да ја приватизира Украина

Западни корпоративни медиуми преплаваат со вести за руската инвазија во Украина, меѓутоа малкумина знаат дека Зеленски последниве месеци има забрането десетина политички партии (вклучувајќи го и главниот опозициски блок), ги укина синдикатите и ги забрани рускиот јазик, музика и култура. После тоа, отиде на Запад и порача дека земјата е отворена за бизнис.

Службен пат ко службен пат, па макар бил и во Давос

Сите оние тешки милијардери и светски (и не толку светски) лидери кои деновиве пристигнаа во Давос предизвикаа и традиционална сезонска преселба на проститутки од цела Швајцарија во планинското гратче.

Само зелено, луѓенца

Посета на паркови, градини и општо места со природно зеленило во вашето опкружување е најважното нешто што можете да го направите за да намалите со лекови за цел список на терапии.

Македонски доброволци вежбаат со руската армија во Украина

Како дел од рускиот доброволен баталјон Судоплатов (советскиот генерал што го организира убиството на Троцки) во Запорожје моментално тренираат и доброволци од Македонија, се тврди во репортажата на руската РИА новости.

Кога полицијата ќе потегне водени топови

Тамилците излегоа да протестираат (сиромаштија, корупција, стандардни теми), властите на Шри Ланка решија демонстрациите да ги растураат со водени топови. Единствен логичен одговор на луѓето кои се бунеа по улици беше - да извадат шампони.

Медведев му посака харакири на јапонскиот премиер

По средбата меѓу јапонскиот премиер и американскиот претседател во Вашингтон беше испратено предупредување до Русија да не помислува да користи нуклеарно оружје во Украина. Повратната порака од Москва дојде од Медведев кој мисли дека Јапонецот се обрукал и му предлага решение. 

Арестович, најгласниот советник на Зеленски, даде оставка

Деновиве Арестович, еден од најблиските и најекспонирани советници на Зеленски, во видео разговор изјави дека украинската противвоздушна одбрана е виновна за убиството на над 40-те цивили во зградата во Днепар. Денес, на своите профили на социјални мрежи, Арестович поднесе оставка.

Во 2023 најважните избори на светот ќе бидат во Турција

Ердоган сака своето владеење да го внесе во третата деценија, од друга страна оние кои не сакаат тоа да се случи не се сигурни кој или што ќе биде следно.

На Дубаи одлично му дојдоа западните санкции против Русија

Русите лани биле најголеми меѓународни купувачи на недвижности во Дубаи, откако градот се покажал како безбедно место за нивните пари и имот, помагајќи му да го сруши својот претходен рекорд за најмногу продадени недвижности во една година.

Песните на Криденс се враќаат кај татко им

После половина век натегање по судови, Џон Фогерти од Криденс Клирвотер Ривајвл конечно повторно е во посед на своите песни од тоа време. Така е кога како тинејџер потпишуваш долгорочни договори со намазани менаџери.

Киев алармира дека на фронтот може да се појават 500.000 Руси

По првиот успех и напредок по неколку месеци, Путин ќе сака да го засили својот налет и би можел да мобилизира дополнителни половина милион војници кои би биле подготвени за пролетна офанзива по должина на целиот украински фронт, тврди Киев.

Опасно е ако не си „наш“ или „нивен“

Се сеќавате ли кога Фрчкоски повикуваше на создавање две Македонии („Ќе ја поделиме економијата и пазарот: нема да пазаруваме во нивни дуќани и нема да одиме во нивни кафеани“)? Се надеваме дека престојот во едниот, единствен и сечиј Њујорк благопријатно ќе делува на овие негови глупи паланечки ставови. Во меѓувреме, да читнеме нешто умно.

Фирми почнаа да даваат титули наместо плата за прекувремено

Американски компании избегнуваат да платат околу 4 милијарди долари надомест за прекувремено работење со измислување на титули за обични вработени како „директор за први импресии“ или „главен инсталатер на врати за туш кабини“.

За 60 дена повлечени 12 милијарди долари од Бинанс

Бинанс е компанијата која снајперски прецизно ја идентификуваше пирамидалната шема на ФТХ и сосема свесно ја искористи за да предизвика колапс на компанијата. Тоа што Бинанс потцени е како крахот на ФТХ ќе влијае на нивните пари.