Транс- култот стигнува и на Евровизија

Ирските претставници на Евровизија раскинаа со својот кореограф затоа што несоодветно коментирал и ословил еден криминалец осуден на 9 години затвор. Елате да прочитате за што се работи, а богами и да видите за кого. 

Овогодинешните ирски претставници на Евровизија, Wild Youth, неделава му дадоа отказ на нивниот креативен и денс директор, Иан Банам. Би било тоа банална вест, доколку не се знаеше причината за отпуштањето.

Банам направил фатална грешка коментирајќи го трансродовиот криминалец Зара Џејд. Тој неодамна беше осуден на девет години затвор во Велика Британија, откако избоде жена, ја врза за стол и ја опљачка. Гревот на Банам беше тоа што сторителот - 54-годишен маж - го нарече маж.

А како што знаат упатените, ова претставува бесрамно богохулење на од ЛГБТ каноните.

Кога Твитер коментарот на Банам излезе на виделина, Вајлд Јут побрзаа да го екскомуницирааат.

„Wild Youth е бенд кој се залага за единства и добрини“, објавија кај себе на Твитер. „Ги прекинавме сите врски со Иан Банам и нема да го имаме ни во близина на нашиот тим или евровизиското патување. Многу ни е жал за секој што е навреден од неговите коментари“.

Не требаше многу време ЛГБТ инквизицијата да му ископа и други еретички твитови на кореографот. Му најдоа дека слични непријатни коментари имал и за транс-иконата Дилан Малвени кој на ТикТок царува со гротескно навредливи пародии на женственоста а неодамна стана ноќна мора на Бад Лајт пошто им ја ничкоса пазарната вредност на компанијата откако го ангажираа како свое лице (Види: Трансџендер инфлуенсерот го издиша Бад Лајт).

„Можеби се прашувате како, освен заедничкото верување во натприродното, транс идеологијата се поврзува и со религијата“, пишува Роберт Џесел.

По него, надвор од некаков религиски контекст, тешко е да се разбере како е можно така страсно да се придржуваш до самоидентификацијата на некој маж а истовремено така лесно да ја пренебрегнуваш жртвата на една жена. 

И ЈК Роулинг (која е Сатана во очите на транс-активистите) ја отфрли „таканаречената добрина и инклузивност“ на прогонителите на Банам, нарекувајќи ја надмена и само-задоволна мизогинија. 

„Друга паралела со религијата е начинот на кој сепаратистичката транс секта ја презеде широката и умерена црква на лезбејската, геј и бисексуалната заедница. Сега дури ја анектира и Евровизијата - Велигден, Божиќ и Педесетница во едно.

Трансродовата идеологија има своја литургија („трансжените се жени“) и чуда (девственото раѓање е заменето со магична способност за промена на полот). Најлошо од сè, има мноштво ереси и армија самоназначени вештерки за да ги искорени“.

Некое време изгледаше како Западот да е на добар пат да ја остави религијата зад себе. На задоволство на секуларистите, се сметаше дека Бог е на смртна постела. Меѓутоа, неуспехот на атеизмот беше што ја игнорираше дупката во срцата која останува во недостаток на Бога. Ако не успееме да ја пополниме таа празнина со рационалност, во таа дупка ќе се собираат секакви отровни идеи“, пишува Џесел.

Патем ова е битангата Зара Џејд кој отпуштениот кореограф „несоодветно“ го именувал како маж:

 

28 април 2023 - 14:08