Трансџендер инфлуенсерот го издиша Бад Лајт

Пивскиот гигант Anheuser-Busch изгуби пазарна вредност од преку пет милијарди долари откако објави партнерство со ТикТок ѕвездата од транс-џендер провининенција Дилан Малвени. Сега пробуваат да ја менаџираат штетата од контра-реакциите и бојкотирањето.  

Од 31 март, акциите на компанијата мајка на Бад Лајт паднаа за цели 4%, урнисувајќи ја пазарната капитализација од 132.38 милијарди на 127.13 милијарди долари.

Сега пробуваат да го сменат наративот на кампањата за да ги ублажат штетите, откако нивниот потег да го најмат транс-џендер инфлуенсерот за свое лице наиде на жестоки реакции на социјалните мрежи и повици на бојкот на пивото. Последната видео реклама им е со коњ како галопира по препознатливи американски предели по што мажи заедно земаат од пивото.

Договорот за спонзорство беше прославен со специјални лименки со ликот на Малвени, 26 годишно транс лице кое има 10 милилни следбеници на ТикТок.

„Месецов славам 365 дена од мојата „женскост“ и бад лајт ми го прати веројатно најубавиот подарок, лименки со мојот лик“, објави Дилан на мрежите. 

Кид Рок, кој е фан на бад лајт, реагираше така што новите лименки ги користеше како мета за пукање.

Anheuser-Busch e најголемата пивска компанија на светот и држи многу брендови, меѓу другите Бадвајзер, Бек и Стела Артоа. Милвени претходно имаше договор со Најк за рекламирање спортски градник.

„Извинете, ама Дилан нема гради“, прокоментира Мегин Кели.

 

18 април 2023 - 15:21