Паузата во интервјуто траеше околу 20 минути, а на повторното вклучување Ердоган изјави дека деновите имал „сериозна стомачна настинка“ заради што размислувал и за откажување на разговорот.
Подоцна портпаролот на турскиот претседател објави дека Ердоган се чувствувал добро.
Во Турција моментално во најголем ек е кампањата за претседателските избори во земјата закажани за 14 мај, на која Ердоган се надева дека ќе го освои својот последен мандат.
И покрај вонредно тесниот распоред што го има за да ја обиколи Турција во кампањата, по слошувањето на телевизија, Ердоган објави дека некој ден ќе мирува. Според едни тој дома ќе одмара еден ден, според други, тој се враќа во кампањата дури на 3 или 4 мај, а дел од митинзите ќе ги покрие со вклучување преку видео бим.
Ердоган е на власт во Турција од 2003. Негов главен конкурент е кандидатот на обединетата опозиција, 74-годишниот Кемал Киличдаролу.