Се огласи Такер Карлсон

Поранешниот водител на Фокс го прекина неколкудневниот молк по раскинувањето со мрежата на која ѝ беше златна кокошка. „Америка заличи на еднопартиска држава“, вели Карлсон но порачува дека иако многу битки се изгубени, сè додека некаде може да се слушне вистината, надеж сè уште постои.

Поради моментот на изненадување и медиумското влијание на Такер Карлсон, убедливо највлијателниот медиумски менаџер на политички содржини во САД, неговото заминување од Фокс со денови е топ тема.

Политички форматираната публика се огласи на очекуван начин: неговите фанови го величаат како херој и прават видео спотчиња придружени од песната „Simply the Best,“додека хејтерите  организираат тролачки добротворни прилози за „невработениот“ Карлсон. 

Тој сè уште не открива кој ќе биде неговиот следен чекор. Веќе има многу понуди, меѓу кои онаа на Глен Бек, исто така поранешен водител на Фокс (денес ја има медиумската мрежа The Blaze), како и од руската РТ која му порача дека е добредојден во секое време.

Во своето прво видео обраќање по разделувањето со Фокс, Такер вели дека кога човек на неколку дена ќе излезе од бучавата, сфаќа неколку работи: прво, колку нормални и пристојни луѓе има надвор и второ, колку темите на актуелни ТВ дебатите се глупави и како никој не дискутира за реално важните прашања.

„Такви дебати не се дозволени на американските медиуми. Двете партии и нивните донатори имаат постигнато консензус што е во нивна полза и активно соработуваат да ја замолчат секоја поинаква дискусија. Одеднаш САД заличеа на еднопартиска држава“.

Карлсон сепак е убеден дека она што денес е „све и свја“нема уште долго да трае бидејќи во тоа веќе никој не верува.

Сега луѓето се уплашени но кога пристоен човек спокојно ќе ја каже вистината, тој станува моќен. Истовремено, лажовите кои сакаат да ги замолчат, стануваат сè помали.

„Каде уште можете да најдете места на кои Американци кажуваат битни и реални работи? Не се останати многу такви места, но некои постојат и то е доволно. “

   

27 април 2023 - 10:02