Со одлука на австрискиот парламент, под важечкиот бизнис модел престанува да излегува печатеното издание на Виенер Цајтунг кој е во оптек уште од 1703 година.
Во својата 320 годишна историја имаат покривано сè, од откривањето на младиот талент по име Моцарт, до абдицирањето на последниот хабсбуршки цар.
Во сопственост на австриската влада е од 1857 година а весникот финансиски се одржуваше благодарејќи на законот сите јавни огласи да се огласуваат во печатен весник.
Парламентот сега ја укина таа блесава одредба.
„Не ѝ е работа на Републиката да води и финансира дневен весник,“ рече своевремено канцеларот Себастијан Курц.
Барем пет години наназад, македонската влада обилно субвенционира печатени весници, со по меѓу 500.000 и 700.000 евра годишно. Да не згаснеле бидејќи се загрозени од новите технологии.
Што не субвенционираат и машини за пишување кои се животно загрозени од компјутерските тастатури?
Ама, се има пари, не сме како кутрине Австријци.