Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Норвешка почна истрага за врските на политичари со Епстин

30 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Парламентот на Норвешка од денеска почнува јавна истрага за врските на дипломати и политичари со осудениот американски злосторник Џефри Епстин, кој почина во затвор во Њујорк. Во милионите документи од досието на Епстин, објавени во јануари, беа откриени неговите врски со норвешки политичари, дипломати, влијателни богаташи и членови на кралското семејство.
  • Парламентарниот комитет повика на сослушување 11 сегашни и поранешни министри, вклучувајќи го и актуелниот премиер Јонас Гар Стере, кој беше министер за надворешни работи од 2005 до 2012 година. Ќе сведочи и Берге Бренде, кој поради скандалот поднесе оставка од функцијата директор на Светскиот економски форум.
  • Поранешниот министер за развој Ерик Солхајм, кој треба да биде сослушан денеска, изјави дека истрагата е „претерана реакција што ќе ја задуши надворешната служба и ќе им наштети на националните интереси“.
  • На сослушување не се повикани политичарите за кои полицијата веќе отвори истрага поради обвиненија за корупција - поранешниот премиер Торбјорн Јагланд, министерот Терје Род-Ларсен и дипломатката Мона Јул. Нема да сведочи ниту кралицата Мете-Марит, сопруга на кралот Хакон, која јавно се извини за своето пријателство со Епстин.
  • „Владата мора да објасни што прави за да ја врати довербата во надворешната служба“, изјави Јонас Андерсен Сајед, водач на сослушувањето во парламентарниот Комитет за надзор и уставни прашања.
извор

Хуанг замина од Nvidia, Вол Стрит очекува да пукне балонот на ВИ

12 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Џенсен Хуанг поднесе оставка од функцијата извршен директор на Nvidia, откако призна дека имал љубовни афери со осомничена кинеска шпионка и со соработничка од фирмата.
  • Управниот одбор на Nvidia соопшти дека нема да има прекини во развојните планови и обврските кон клиентите. За привремен управник на компанијата е назначена Колет Крес, долгогодишна финансиска директорка.
  • Аналитичари од Вол стрит предупредуваат дека заминувањето на директорот на најголемиот производител на чипови и воедно највредната компанија во светот може да биде првиот чин од очекуваното пукање на финансискиот балон надуен околу технологијата за вештачка интелигенција.
  • По објавувањето на аферата на Хуанг со кинеската шпионка, Nvidia за само две недели изгуби пазарна капитализација во вредност од околу 1.400 милијарди долари.
  • „Без Хуанг на челото, вредноста на Nvidia е помала за 25%“, изјави Ден Ајвс, еден од највлијателните аналитичари на Вол стрит.
  • Поради својата големина, падот на Nvidia се одразува на сите главни индексни фондови, што има огромни последици на сите Американци што штедат преку инвестиции на берзите.
извор

Потопен историскиот брод „SS United States“, ќе биде најголем вештачки гребен

12 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Прекуокеанскиот брод „SS United States“, своевремено најбрзиот патнички брод што го препловил Атлантикот, контролирано е спуштен на дното на Мексиканскиот Залив.
  • Бродот поголем од „Титаник“, кој 800 пати го преминал океанот, ќе биде најголемиот вештачки гребен во светот. Целта е да се создаде живеалиште за туни, марлини и сабјарки и да се привлечат повеќе нуркачи и љубители на риболов. 
  • Потопувањето траело 5 часа, значително подолго од очекуваните 45 минути. Со вода биле наполнети сите 128 резервоари за гориво и мазива, за да се спушти рамномерно на морското дно, на длабочина од 55 метри.
  • Проектот да се спречи бродот да заврши како старо железо чинеше 13,5 милиони долари.
  • „SS United States“ долг 302 метри беше технолошко чудо на бродоградителите од Вирџинија. На првата пловидба во 1952 година, го поминал Атлантикот со просечна брзина од 41 милја на час (66 км/ч), со што за 4,5 милји на час го надминал рекордот поставен од британскиот „RMS Queen Mary“ во 1938 година.
  • Двата црвено-бело-сини оџаци на „SS United States“ високи 20 метри лани беа внимателно отстранети и ќе бидат изложени во нов музеј на копно.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Музата (Марика-Мара-Мариче) го бара својот поет (Блажо)

Македонштина
2

Реакции во Германија по прослава на голoви на германски репрезентативец

Фудбал
3

Одамна не сме имале ЈАК виц

Македонштина
4

Не се закачајте со Гоца

Балканштина
5

Како албанските дилери ја побелеа Англија

Разно
6

Гардист го „построи“ Хегсет пред Гробот на незнајниот јунак

7

Генерацијата З најдоа природна алтернатива на вејпингот!

Онака
8

Побарано - добиено

Балканштина
1

Како албанските дилери ја побелеа Англија

Разно
2

Гардист го „построи“ Хегсет пред Гробот на незнајниот јунак

3

Зошто Латиносите му свртеа грб на Трамп

Мислења
4

Македонија во ОН гласаше ПРОТИВ осуда на нацизмот

5

Гејтс: Глобална катастрофа ќе го освести светот за ВИ

Свет
6

Русија предлага пактови за ненапаѓање со членки на НАТО

7

Паѓа продажбата на станови, растат оние под кирија

8

Британските шпиони изгубиле илјадници УСБ стикови

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Потопување Мисици

Балканштина

Не се закачајте со Гоца

Македонштина

Одамна не сме имале ЈАК виц

Македонштина

Музата (Марика-Мара-Мариче) го бара својот поет (Блажо)

Балканштина

Побарано - добиено

Балканштина

Запознајте ја компанијата од која боли глава

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Љубов, вера и наплата

Паркинг. Клинички центар. Толку!

Од Маргарита со љубов: Командант Сава

Оффнет, корисничка поддршка

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy