Салон:

Нè лажеа дека на Украина ѝ оди добро

Американските корпоративни медиуми ја убедуваа тамошната јавност дека војната оди во добар правец и дека Украина ќе победи. „Сега тоа изгледа на класична дезинформација“, заклучува коментар во левичарскиот Салон по последното протекување доверливи информации од Пентагон.

Првичната реакција на корпоративните медиуми на огромното протекување тајни документи за војната во Украина беше малку да се замати водата, да се каже дека дека во нив нема што да се види и целата епизода да се сведе на деполитизирана авантура на еден млад и незрел 21 годишен член на Националната гарда.

И претседателот Бајден ги минимизираше протечените информации бидејќи не откривале ништо со „големи последици“.

„Меѓутоа, она што овие документи откриваат е дека војната оди полошо за Украина отколку што ни признаваа нашите политички лидери. Истовремено, лошо оди и за Русија, така што ниту една од страните веројатно нема да ја пробие пат-позицијата оваа година и тоа веројатно ќе доведе до продолжена војна и следната 2023 година, како што се вели во еден од документите“, пишуваат Медеја Бењамин и Николас Дејвис во Салон.

Тие сметаат дека објавувањето на последните документи треба да го засилат притисокот врз американските власти да ја запознат јавноста со тоа што реално може да се очекува со продолжување на крвопролевањето и да одговорат зошто и натаму одбиваат да ги продолжат ветувачките мировни преговори кои Запад (Борис Џонсон во Истанбул) здушно ги блокираше во април 2021-ва година.

САД јавно ја поддржуваа тезата дека гинат многу повеќе Руси отколку Украинци со што намерно да обликуваше јавноста да верува дека Украина некако може да ја добие војната. Меѓутоа, детална анализа на протечените документи обелоденуваат дека американските аналитичари имаат ниска доверба и во бројките што им ги доставуваат Украинците.

Друг документ открива дека, по искористувањето на залихите испратени од земјите на НАТО, Украина останува без ракети за системите С-300 и БУК кои сочинуваат 89% од нејзината противвоздушна одбрана. Според проценките, до мај или јуни, Украина за првпат ќе биде ранлива за руските воздухопловни сили, кои до сега беа ограничени главно на ракетни напади со долг дострел и напади со беспилотни летала.

Неодамнешните испораки на оружје од Запад се правдаа со предвидувањата дека Украина наскоро ќе може да започне нови контраофанзиви за да врати територија. Дванаесет бригади, или до 60.000 војници, беа собрани за да се обучуваат за новодоставените западни тенкови за „пролетната офанзива“; три бригади во Украина и уште девет во Полска, Романија и Словенија.

Меѓутоа, протечен документ откри дека деветте бригади кои вежбале во странство немале ни половина од поtребната опрема и дека сè на сè, биле обучени 15%.

Во меѓувреме, наместо да се повлече од Бахмут (како што го советувале Американците), Зеленски упорно ги држи своите војници таму, исрцпувајќи ги силите кои би му биле драгоцени во евентуалната пролетна офанзива. 

25 април 2023 - 12:26