Центарот за контрола на болестите добил преку 16.000 поплаки на тинитус, односно ѕвонење во ушите, после примањето ковид вакцина но засега не утврдил поврзаност меѓу вакцинирањето и проблемот.
Интересот за темата го поттикна и една Фејсбук група со над 4.000 членови која се легитимира како „про-вакцинална“ и наменета за луѓе кои веруваат дека развиле тинитус или други проблеми со слухот после вакцинирањето.
Професорот Шаовен Бао, кој и самиот долги години страда од тинитус и е претставник на научниот советодавен одбор на Американската асоцијација за тинитус - анкетирал дел од учесниците во групата и утврдил дека има доста тешки скучаи - еден не можел да го слушне радиото од автомобилот поради бучавата во главата додека вози.
Причините за тинитус остануваат непознати но често тој се поврзува со нус-појави од медикаменти, проблеми со тироидата, дијабетес, мултипла склероза, депресија....
Звукот во ушите може да личи на ѕвонење, зуење, бучење, чкрипење а некои слушаат и музика.