Доаѓањето на толку многу Руси во Србија, швајцарскиот весник „Ноје цирхер цајтунг“ го карактеризира како „имиграциски бран од историски размери“ и проценува дека и само дел од нив да останат во главниот град, тоа ќе повлече големи промени.
Во репортажата се наведува дека поголемиот број руски дојденци не се стигнати од политички причини туку од бизнис мотиви и дека неповратно го менуваат Белград.
Не е првпат.
Слично сценарио се има случено кога „белите“ Руси, бегалци од теророт на бољшевиците, наоѓаат прибежиште во тогашното Кралство на Срби, Хрвати и Словенци.
Тогашниот Белград, девастиран од војната, бива живнат од нова енергија на руската интелектуална елита, чии научници, архитекти, лекари и новинари оставаат неизбришлива трага. Тоа може да се види на Дворскиот комплекс на Дедиње, Генералштабот, Народното собрание, Руси имаат учествувано во изградбата на Народниот театар, главната Пошта и во десетици репрезентативни вили на Дедиње, Дорќол, Врачар...
Во вториот бран, руската енергија доаѓа во вид не економски номади. Повеќето од нив се во ИТ секторот, но има и претприемачи кои освен со угостителство, се бават и со трговија, нега и убавина, а некои имаат дојдено без конкретен план.
Руската културна сцена во Белград е жива и разиграна и на моменти делува како паралелен свет заради разликите во куповната моќ. Руси закупуваат концертни сали за свои бендови, ги има на клабинг сцената, прават журки за заедницата, се дружат во руски книжарници, кафетерии а имаат и театар.
Во Србија се дочекани пријателски и братски иако некои од нив се изненадени од очекувањата кои од нив ги имаат домаќините.
„Србите ја поддржуваат војната во Украина, а јас тоа не можам да го разберам бидејќи сум пацифист,“ вели еден од дојденците од Русија.