Во март, Карлсон и неговата емисија имале во просек 3,2 милиони гледачи, Лемон нешто над 600.000.
Дон Лемон страсно покриваше теми како што е расизмот, една од најбитните прашања за куќа како што е Сиенен. Сè додека не наидеше на тонч каков што наиде во муабетот со Морган Фриман:
Почитуваниот Глен Гринвалд (од него види кај нас: „Перверзиите во бракот меѓу службите и медиумите“), на Такер Карлсон со кој воопшто не делат исти политички афинитети му признава дека тоа бил американски водител кој од големите кабловски телевизии:
* Најмногу ѝ се противеше на американската прокси војна во Украин.
* Ги раскринкуваше ЦИА, ФБИ и Департментот за национална безбедност за системските лаги и корупција.
* Беше посветен за аболицирање на Асанж.
* Се противеше за обидите на промени на режимот во Куба.
* Го критикуваше милитаризмот на администрацијата на ТРамп.
На ова, Аарон Мате од Грејзон додава дека Такер поштено и прецизно ја покривал и критикувал валканата војна во Сирија, вклучувајќи ги обидите да се заташкаат извештаите на Организацијата за забрана на хемиското оружје, што не може да се најде на ниедна друга телевизија или други левичарски медиуми.
Водителите на „Редактираните вести“ потсетуваат на зборовите на Карлсон:
„Ако ме отпуштат затоа што сум ја зборувал вистината, нека биде така.“
Еден од шефовите во Фокс, на Карлсон му пишал љубезна СМС порака дека не се согласува со неговите ставови околу Украина. Такер му одговорил дека го знае тоа и дека токму затоа е благодарен што му е дозволено јавно да не се согласува со своите шефови.
„Тоа е многу ретка ситуација. Не сум сигурен колку е тоа можно во некоја друга медиумска организација,“ изјави Карлсон пред неколку недели.
Во Фокс ете можело, до пред некој ден.
Ситуацијата потсетува на 2003 година кога MSNBC го отпушти Фил Донахју кој тогаш ја држеше емисијата со најголем рејтинг. Во подоцна откриен внатрешен документ се обелоденува дека Донахју им бил опасен за имиџот и дека за нив тој ќе биде „незгодно лице во воени времиња“ (инвазијата на Ирак - н.з.) . На душа му се ставало што често вика гости кои се против војната и против Буш.
Донахју никогаш не се врати на етерот.
Оттука, уште погласна е тишината на Такер по отказот и уште побизарни мафијашко - комуњарските медиусмки пораки кои му се испраќаат да пази што и колку зборува, затоа што „неговите бивши газди имаат незгодни материјали за него“. Капак на сè е што таквите пораки се праќаат преку Ролинг Стоун, магазин кој со Фокс њуз, до пред само неколку години, беше на спротивната страна на медиумската сцена.