Со години, и на истражувачи и на оние што ги чуваат дома им е јасно дека папагалите се меѓу најпаметните животни на земјата. Некои студии дури открија дека нивната интелигенција може да се спореди со она на малите деца.
Едно ново истражување, во кое папагалите биле успешно учени како да прават видео-повици со други птици, покажува колку се извонредни овие пердувести пријатели.
Студијата спроведена од истражувачи од три универзитети (МИТ, Глазгов и Нортистерн од Бостон) им дала шанса на различни видови папагали да користат таблети и паметни телефони за меѓусебно да се јавуваат на Фејсбук месинџерот.
Негувателите на 18 птици ги учеле своите папагали да го користат интерфејсот на овие уреди, а откако ќе воспоставеле видео-повик, птиците не биле наградувани со храна, што е главната мотивација во вакви дресури. Главната награда им било што можат „да се слушнат“ со пријател(к)ите. Попат добивале слики и од други птици на кои можат да им се јават. Папагалите брзо научиле како да го допираат екранот со клунот и да иницираат повик.
15 птици го завршиле курсот, три отпаднале, дал од глупоќа, дал од што се намќори. Истражувачите дознале дека најмногу повици добиваат токму оние папагали кои и најчесто вртат на други.
Битен детал: кога почнувале да се караат, дресерите им ги прекинувале повиците.
Е, тоа им фали на луѓето.