Уште во февруари, Вол Стрит Журнал обелодени дека надлежните етички тела предупредиле една третина од високите службеници на американскиот Департмент за енергетика дека тие или членови на нивните семејства имаат акции во компании кои се поврзани со нивната работа, што е класичен конфликт на интереси.
Писма со предупредување добиле околу 300 вработени во секторот а десетици се оние кои имаат акции во гиганти како Шел и Ексон.
Ништо од тоа, бидејќи департментот не им побарал да ги продадат акциите во компаниите кои ги регулираат.
Во друга сторија на слична тема, ВСЖ утврди дека над 3.600 владини функционери во преку 50 федерални агенции, инвестирале во компании чија дејност има врска со нивната работа.
Пред некое време имаше расправа за буџетот на Департментот за енергетика, па републиканецот Џош Хоули ја грилаше секретарката Џенифер Гренхолм на темата.