Кинескиот интернет има преку 66.000 правила

Цензурата на интернет содржините во Кина е одамна позната работа но извештај на една канадска група за сајбер безбедност го квантифицираше тоа па откри преку 66.000 правила за тоа кои содржините се достапни и од кои извори, за оние што таму користат пребарувачи.

Највредниот цензор, барем по еден параметар, е пребарувачот на Мајкрософт, Бинг, единствениот странски пребарувач што работи во земјата, вели извештајот на Citizen Lab на Универзитетот во Торонто.

Биле испитани уште осум платформи кои имаат пребарувачки алатки: три пребарувачи, четири социјални мрежи и еден е-комерц гигант.

Сите тие подлежат на обемни законски ограничувања кои цензурираат криминални активности, непристојност, порнографија, насилство и генерално какви било политички, етнички или религиозни содржини кои се проценуваат како закана за социјалната стабилност и владеењето на Комунистиччката партија, пренесува Њујорк Тајмс. 

Поновите ограничувања се проширија на клеветење на кинески херои или мачениците на татковината, нелегално сурогат мајчинство и дезинфгормации за состојбата со ковид во Пекинг. 

На Веибо, на пример, кој е кинески еквивалент на Твитер, нема да најдете ништо ако пребарувате „кинески шпионски балон“, но затоа ќе добиете резултати ако прашате „правилно“: кинеско летало соборено од САД. 

Пребарувачот Баиду блокира пребарувања за Си Џинпинг, Путин и потерницата по него. Кинеските технолошки компании имаат и повеќе правила отколку Бинг само што нивните се пошироки и влијаеле на повеќе резултати од пребарувањата.

Мајкрософт е една од ретките странски технолошки компании што сè уште работи во Кина, и признаваат дека за да се држи таа позиција, мора да се почитуваат правилата на земјата. Условите во Кина честопати беа неповолни за Мајкрософт. Во 2019 година, самиот Бинг беше привремено блокиран а во 2021 година, после седум години опстојување во земјата, компанијата го затвори LinkedIn, поради регулаторни и конкурентски пречки.

Не дека искуството со цензурирање резултати од пребарувања е апсолутно непознато на Запад. Различни пребарувачи даваат различни реалности:

 

27 април 2023 - 18:00