Вести

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Банкротот на еден новозеландски фармер пред речиси еден век довел до необичен природен експеримент. По пропаѓањето на фарма на субантарктичкиот остров Кембел во 1931 година, околу 4.000 овци биле оставени сами да се снаоѓаат. Децениската изолација и животот во сурови услови создале популација со ретки наследни особини.

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Речник

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Авиони ќе прскаат кисели дождови за да нè спасат од климатски промени?

Во очајнички обиди да се одржи во живот наративот за итна закана од климатските промени, се нудат и решенија што ќе ја спржат земјата побрзо од какво било глобално затоплување. Инженери предлагаат авиони да прскаат сулфур ниско на небото за да се создаде сенка што би ја оладила планетата. Самите признаваат дека сулфурот брзо ќе падне во форма на убиствени кисели дождови. 

Велешани се позлатија од Трамп

Не знаеме какви се оние ликови кои би фрлиле илјадници долари за џиџ-миџи сувенири со ликот на Доналд Трамп, убедени дека нивната вредност ќе им се зголеми десетина пати после неговата победа на изборите. Ама знаеме кои би ги убедиле и на крајот офајдиле од таквите наивци - легендарно досетливите велешани.

Закерберг ѝ објави војна на индустријата за рекламирање

Мета најавува револуција во дигиталното рекламирање, преземајќи сè врз себе, од креативноста до пласманот и продажбата. Бизнис што сака оглас на Фејсбук ќе треба само да го опише својот производ и да плати. Мета ќе го визуелизира производот, ќе ја пласира рекламата кај таргетирани корисници и ќе им овозможи да го купат. Спремете се за уште повеќе реклами со вештачка интелигенција.

Обединетите нации пред голем ремонт

Акцијата на Трамп за кратење на непотребните трошоци се одразува врз Обединетите нации – глобален пример за бирократија со сите нивни агенции, одделенија и канцеларии, а без видливи резултати. Внатрешната анализа открила  преклопување на мандатите, неефикасно користење на ресурсите, фрагментација и дуплирање и надуеност на високите позиции. Сето тоа ќе се чисти.

Конзервативците сакаат да го направат Ватикан повторно голем

Група тврдокорни конзервативни католици се залагаат следниот папа да биде подобро усогласен со нивните ставови и се чинат решителни да користат тактики за да ги дискредитираат кандидатите што не им се по волја. Кога ќе почне конклавата во Ватикан ќе имаат тешка битка, бидејќи 80% од електорите што го избираат новиот папа се либерали назначени од Франциско.

Вештачкото Сонце на Земјата го доби своето магнетно јадро

„Светиот грал“ на енергијата, чудото од фузиски генератор ИТЕР, конечно ја доби својата централна компонента – најголемиот магнет во светот. Реакторот е замислен да биде контролирано Сонце на Земјата што ќе создава практично неисцрпна струја хранејќи се со вода и без загадувања. Трошоците скокнаа четирикратно, но што се 20 милијарди за неисцрпен извор на енергија.

Чедомир Антиќ: Блокадерски програм

Постои надеж дека ова „бунтовништво на средната класа на тинејџерски хормони“, конечно ќе престане да се восхитува на својата големина и бројност и ќе влезе во политиката, пишува универзитетскиот професор по историја Чедомир Антиќ, некогашен водач на студентските протести против Милошевиќ и ја рецензира програмата која српските блокадерите неодамна ја извадија. Општи места, јалов анархизам, незнаење, Црвени Кмери....

И на машина ѝ е тешко да разликува дипфејк од реалност

Алатки за компјутерски монтирани снимки одамна можат да го прелажат човекот дека се вистински. Дипфејк технологијата за десетина години стана толку напредна, што сега го доловува и пулсот на манипулираниот лик - ситница невидлива за човековото око, која за машинските детектори беше сигурен белег дека содржината е измама. Како ли ќе биде за десет години од сега?

Елате да им се смееме на Јапонците

Ии рикнал системот за читање на електронските картички за наплата па операторот решил да ги подигне сите рампи на 106 наплатни пункта бидејќи дефектот бил нивен а автомобилите имаат право да минуваат. Подоцна операторот им рекол дека сепак е фер да платат што возеле по автопат. 24.000 совесни Јапонци се согласиле дека е така и се пријавиле да платат. 

Се подизгуби ли Трамп?

Трамп силно го почна вториот мандат со бран наредби што ги урнаа политиките на режимот на Бајден за цензура, регулатива, родова идеологија и гранична контрола. Оваа фаза на брз оган, шок и стравопочит остави впечаток на власт со чувство за цел и динамика. Но по серијата погрешни чекори, хиперактивниот пристап на Трамп сега изгледа повеќе несовесно отколку стратешки.

Финска забранува мобилни телефони во училиштата

Финска, најчесто посочувана како пример за квалитетно образование на децата, им се приклучи на земјите што решија дека на мобилните телефони не им е местото во училниците. Не само што го одвлекуваат вниманието за време на наставата, туку и за да се поттикне развојот на социјалните вештини и да им се остави повеќе време за игра на децата за време на одморите.

Украински војници собираат поени со секое убиство

Додека се прават очајнички дипломатски напори како да запре тригодишното крвопролевање на фронтот, украинските власти создадоа систем сличен на видео-игра за да ги поттикне војниците да убиваат повеќе руски трупи. Секој убиен војник или и уништен тенк носи поени, со кои потоа може да се купи уште повеќе оружје за уште повеќе убиства. Човечкиот живот вреди 6 поени.

Вештачката интелигенција ја загрозува адвокатската

- Како да познаеш кога адвокат лаже? - Му мрда устата.... Поради вакви и слични јадачки за адвокатите, нивната етичност, лакомост и слично, денес секој трет Британец би претпочитал пред суд да го застапува вештачка интелигенција а не адвокат. Тоа сведочи за напредокот на новата технологија, но и за недовербата во адвокатите и фрустрираноста на граѓаните од елитистичкиот правен систем.

Стратегијата на ЕУ за микрочипови e длабоко исклучена од реалноста

Стратегијата на Европската Унија до 2030 година да самата да ги произведува чиповите што ѝ се потребни е „длабоко исклучена од реалноста“ заклучија ревизори. Предизвикот е сериозен, бидејќи индустријата и домаќинствата зависат од увезени микрочипови повеќе отколку што се мислеше. Секој трет чип во автомобилите или машините за перење во Европа е произведен во Кина.

Затемнувањето на Шпанија не беше од технички, туку од стратегиски курцшлус

Основната причина за затемнувањето во Шпанија не беа временските услови. Тоа беше структурната ранливост од претераното потпирање на обновлива енергија базирана на инвертери, без доволно резервна моќ, инерција или стабилизација, што ја даваат тешките машини. Ова можеше да се спречи ако политичките лидери ги слушаа предупредувањата наместо да ги ингорираат.

Тони Блер: Укинете ги „нето нулата“ и климатските конференции

Лабуристите го игнорираа реформистот Најџел Фараж, а потоа и конзервативците кога бараа да се отфрли политиката за „нето нула“ емисии на гасови. Тони Блер бара уште порадикални промени – да се укинат и глобалните конференции за климата, зашто не даваат резултати. Решението за климатската криза треба се бара во прагматични иницијативи и вложувања во нови технологии.

Злосторник од Руанда чувал пчели на Лонг Ајленд

Водач на вооружена група што учествувала во колежот во Руанда повеќе од две децении се криел во ексклузивна заедница на Лонд Ајленд, каде што чувал пчели и средувал градини на богати имоти. Може да добие 30 години затвор за лажно сведочење за натурализација во САД. И тоа е поблага казна од доживотниот затвор што му го изрече Специјалниот суд за геноцид во Руанда.

Сите знаеле дека европската струја е падни-стани

На Шпанија и на Португалија ќе им требаат седум дена за да се опорават од десетте часа без струја. На Европа ќе ѝ биде потребно многу повеќе време за да ја закрпи електричната мрежа и да го среди регулаторниот хаос на „единствениот“ пазар. Главниот проблем се парите, но Европската Унија  веќе реши големите пари да одат кон воената индустрија.

Ѓаволски добра алатка на Мајкрософт за упад во приватноста

По една година дигитална рехабилитација, Мајкрософт повторно ја лансира алатката Рикол, како придружник на моделот со вештачка интелигенција Копилот. Алатката импресивно добро ја извршува својата функција. Снима буквално сè што се случува на компјутерот и комуникациите преку интернет. Ако тоа звучи како кошмар за приватноста, сомнежите се основани.

Пирамидите на реновирање

Крајно време беше, реагираат туристите што ги посетиле Пирамидите во Гиза на најавата дека ќе биде реновирана најголемата туристичка локација во Египет. Нема да се малтерисува фасадата ниту ќе се копаат нови тунели, но ќе мора да се расчистат ѓубрето, турканиците и сообраќајниот хаос околу единственото светско чудо од антиката што преживеало до денес.

Чипот во мозокот му го вратил говорот

Бредфорд Смит е парализиран, апарат за дишење го одржува во живот, може да ги мрда само очите, јазикот и краевите од устата, но сега повторно може да комуницира и тоа со сопствениот глас. Ова му го овозможило електронскиот чип од Неуралинк што му е вграден во мозокот. Со јазикот движи курсор и составува реченици, кои ги вокализира моделот Грок со вештачка интелигенција.

Брза храна - побрза смрт

Претерано користење ултраобработена храна - како месо, житарки или готови оброци, го зголемува ризикот од прерана смрт, покажува глобално истражување. Ваквата храна веќе содржи превисоки концентрации на масти, сол и шеќер, а уште поголема штета создаваат адитивите за боја, вкус и засладувачите. На секои 10% внесена брза храна, ризикот за прерана смрт се зголемува за 3%. 

Роботите се скришното оружје на Кина против тарифите

Зошто во фабричките хали во Кина не се запаленo светло? Зашто нема работници. А сепак има производство 24/7. Роботите управувани од вештачка интелигенција беа одговор на Кина против стареењето на нацијата и демографскиот пад, но може одлично да послужат и како одбрана од тарифите. Масовната автоматизација ги намалува трошоците и го подобрува квалитетот.

Кина со армија невладини се брани пред ОН

Пекинг засилено ангажира невладини организации за да ја бранат Кина пред Обединетите нации од обвинувањата за грубо кршење на човековите права во Ксинџијанг, Тибет и Хонг Конг. Целта е пофалбите да ги задушат критиките. Ги фотографираат оние што креваат глас за да ги заплашат. Тактиката функционира. ОН не прават и не сакаат да прават разлики помеѓу невладините групи.